Дефендер ја качува продажбата на Ланд Ровер, уште една одлична година за марката со теренците

Високата побарувачка за Дефендер ја одржува продажбата на Јагуар Ланд Ровер во раст.

Непрекинатиот висок интерес за Ланд Ровер Дефендер помогна за продажбата на Јагуар Ланд Ровер да ги надмине бројките од рекордната 2021 година.

Продажбата во финансиската година што заврши на 31-ви март се зголеми за 22 проценти, на 431.733 возила, објави британскиот производител во понеделникот.

Впечлатлив раст од 53 проценти и 114.546 продадени возила има Дефендер, којшто во вкупната продажба на марката учествуваше со повеќе од една четвртина.

Дефендер се продава речиси двојно повеќе од луксузниот Рејнџ Ровер, вториот најпродаван модел на компанијата, чијашто продажба напредуваше за 34 проценти.

Рејнџ Ровер Спорт е трет најпродаван модел на марката, со раст од 83 проценти и продадени вкупно 63.598 возила.

Зголемена побарувачка за Јагуар

Продажбата на Јагуар во изминатата фискална година порасна на 66.866 возила, што е раст од 6,9 проценти. За тоа најмногу придонесоа Ф-Пејс и Е-Пејс.

Јагуар ќе стане целосно електрична марка во 2025 година, кога тековните модели ќе бидат заменети со смалена понуда од модели со уште поголем нагласок на престижот и луксузот, а секако и со повисока цена.

Посветеноста на ЈЛР кон моделите со коишто постигнува поголема добивка ги стави во сенка моделите што се подостапни.

Компакнтиот СУВ-модел Рејнц Ровер Ивок, порано најпродаван модел на ЈЛР, се продаде во 47.421 примероци, што е за 14 проценти помалку отколку во претходната фискална година.

Продажбата на Дискавери Спорт се намали за петина, на 29.044 возила, а забави и продажбата на Велар, со 26.570 возила, односно за 11 проценти помалку.

Кина паѓа

Кина подолго од 12 месеци беше најголем пазар за ЈЛР, со продажба зголемена за 14 проценти и 104.123 продадени возила, но во првиот квартал до 31-ви март, Велика Британија и Северна Америка ја престигнаа Кина.

Продажбата на ЈЛР во Кина во првото тромесечје падна за 8,9 проценти, на 22.999 возила. Во исто време, продажбата во Велика Британија порасна за 32 проценти, на 27.304 возила, а за 21 проценти напредуваше и Северна Америка, со продадени 26.987 возила.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Глобалната продажба во првиот квартал порасна за 11 проценти, со 114.038 продадени возила.

Насоченоста кон најпрофитабилните СУВ-модели ги подигна и финансиските резултати на британскиот производител. Компанијата пријави рекорден приход и одличен профит за последниот квартал од минатата година.

Компанијата на 10-ти мај ќе ги објави финансискиот биланс и резултатите за четвртиот квартал. Целта на ЈЛР беше да постигне маржа од 8 проценти за финансиската година што заврши во март.

Ланд Ровер Дефендер во нашиот онлајн-каталог АВТОСАЛОН.МК · Технички податоци, опременост, цени, можност за споредба на сите нови модели на автомобили што се во понуда на македонскиот пазар

Land Rover Defender 90 D200 AWD S

Претходна објаваОпел ја враќа Фронтера како мал СУВ со електричен и хибриден погон
Следна објаваЕлектричната Г-Класа не се вика Е-Кју-Ге, има „нормална“ ознака

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here