Може ли спореден пат да биде поважен од автопат што минува на десетина метри од него? Кога работата и животот налагаат секој ден да се користи патот што не е оптоварен со наплата на патарина, секако дека споредниот пат не смее да им се одземе на жителите. На државата. Снимка од состојбата на патот Велес-Градско.
Уште во мај почна да се насетува дека нешто чудно се изведува на патот Велес-Градско. По седум месеци откако почна работата на рехабилитирање на патот, што е „латински“ израз за гребење на стариот асфалт и нанесување нов асфалт, на оваа делница во срцето на Македонија, уште стоеше ископан и онеспособен дел од патот долг околу три километри, таму каде што патот (треба да) минува право како пушка и мазно како писта.
Како некој преку балкански заразен инает да сака да каже дека може да прави што и да му се посака во оваа земја. Уште три автопати до Битола и до Струмица ќе се изградеа и дузина тунели ќе се пробиеја, за времето, за коешто веќе историскиот пат Градско-Велес не се довршува.
Земјава им ги додели тендерите за работа на бугарски Хидростој и косовски Ескаватори. Средствата се обезбедени преку европски заеми, околу 350 милиони денари. Изведувачот деновиве соопшти дека рокот за довршување на патот се одложува за крајот на ноември. Имало компликации. Ако менување на асфалтот, на пат што рамен и прав е комплицирана работа, требало ли тендерот да го добијат тие?
Толку е сé транспарентно, што сосем е непотребно, па дури и наивно, да се заврши основната новинарска работа, да се прашаат луѓето, зошто патот уште не ви е направен.
Жителите мораат цела година да плаќаат патарина, 120 денари во двете насоки. Некој, пред патот да биде саботиран, патувал до блиските градови, за да ги донесе своите производи на пазар, за да понуди услуга, за да патува до работа, за да заштеди, оти законите во секоја нормална средина обврзуваат да биде обезбеден заменски пат, покрај секој автопат. Сега откако секој ден и во секоја насока мора да се плаќа патарина, целата добивка пропаѓа.
Што значи да се има на располагање спореден пат, по којшто не се плаќа патарина, најдобро може да се провери, ако се појде од Скопје кон околните градови. До некои градови.
Последно ажурирање: Сеуште (на 15.10.2023) има неасфалтирана делница на истиот пат. Не само неасфалтирана туку “макадимизирана-читај раскопана”. Репортажата ви е одлична мислам дека секако барем малку придонесе да се забрзаат работите (можеби?)
Но сега да ви дадам нов предлог за репортажа која го потенцира истиот проблем (собирање патарини и друго) со фактор 10 (10 пати):
Патот Катланово-езеро Младост, кој според мене не е само запустен туку и намерно оштетен на некои места. Иако патот (ако може секаде да се нарече пат) се поминува внимателно со патничко возило, ви стојам на располагање со теренско возило ако ви е потребно. Би ве замолил да ми одговорите на маил за да бидам сигурен дека сте го примиле коментаров.
Благодариме, Никола. Патот од Катланово до Младост го снимивме уште летоска и во многу скоро време ќе биде сработена и таа репортажа. Уште во времето кога се печатеше Вест, пред дваесет години, имаше репортажа за катастрофалната состојба на патот, што во меѓувреме е премината во ужасна состојба. Многу поздрави