за

Mercedes-AMG GLC 63 извозе најбрз СУВ-круг на Нирбургринг

mercedes-amg glc 63 s

Денешната техника и инженерско мајсторство дозволува некои СУВ-модели да возат побрзо од повеќето традиционални спортски купеа или родстери. Тоа одамна му успева и на Mercedes-AMG GLC 63 S, а сега и официјално, со рекорд на Нирбургринг

Со нотарски заверени 7.49,369 минути, Mercedes-AMG GLC 63 S 4MATIC+ е најбрзиот сериски СУВ на Нирбургринг. Дополнителна тежина на ова достигнување дава фактот што зад воланот седеше шефот на инженерскиот тим на AMG, Маркус Хофбауер, место професионален тркач.

Според специјалистот од Афалтербах, рекордот се должи на концептот на екстремниот СУВ, којшто покрај 4,0-литарскиот V8 вклучува и приспособлива пневматска амортизација, посебно модифициран погон на сите тркала со варијабилна распределба на вртежниот момент, блокада на задниот диференцијал и керамички сопирачки. Најмоќниот и најбрз GLC воедно успева да биде и нормално возлив во секојдневието.

За претстава колку е брз кругот на Mercedes-AMG GLC 63 S, најбрзиот сериски Mercedes е GT-R на 10-то место, со 7,10 минути

Забелешката дека рекордот е нотарски заверен секако не е безначајна. Компанијата којашто има концесија врз тркачката патека не врши официјално мерење на време на круг, па тоа е задача што производителите си ја преземаат сами. А, тоа секогаш подразбира и можност за манипулирање. Во тој контекст, претходниот рекорд припаѓаше на Alfa Romeo Stelvio QV.

Италијанскиот супер-СУВ сега е на второто место, со време од 7,57 минути, пред Porsche Cayenne Turbo S (од втората генерација) со 7,59 минути. Со голем заостаток, на четвртото место е Range Rover SVR со 8,14 минути. Неизвесно е колку долго ќе остане рекордот, затоа што е ред Lamborghini Urus да го извози својот најбрз круг на Нирбургринг. Истото важи и за новата генерација на Porsche Cayenne.

Како што е вообичаено за Mercedes-AMG, рекордниот круг беше измерен од независните експерти на „wige solutions“. Најверно сведоштво за брзиот круг на дваесеткилометарскиот „Зелен пекол“ сепак дава видеоснимката:

Porsche 911 GT2 RS MR го извозе Нирбургринг за рекордно време

Ова такси чини 10 евра од километар – на Нирбургринг

24 часа и 4000 гуми на Dunlop на Нирбургринг

Џенсон Батон ја комплетира серијата рекорди на Honda Civic Type R

 

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

honda електричен автомобил урбан ев

Електричната Honda се подготвува за премиера

porsche електрични автомобили

Porsche ќе вложи 6 млрд. € во електрични автомобили