Ова такси чини 10 евра од километар – на Нирбургринг

jaguar race taxi

Со 575 КС од V8 со механички компресор во Jaguar F-Type SVR или XJR575 по Нирбургринг? Ретко кој би одолеал на таа можност, па соодветно на тоа е пресметана и цената на задоволството. Сто и деведесет и девет евра или едно помалку од 200 евра чини круг по најславната тркачка патека на светот, којашто Џеки Икс ја опиша најверно како Зелениот Пекол.

Возачите што се сеќаваат на својот прв круг на тркачка патека сигурно ќе разберат дека седењето на совозачкото седиште е подобрата опција, особено кога станува збор за Нирбургринг, поточно за Нордшлајфе или Северниот Јазол. Местото зад воланот на тркачкото такси на Jaguar им припаѓа на професионални возачи. Сепак е потребно огромно искуство да се реагира кога страничното забрзување ќе достигне 1,2 g при темпо над 200 и кога буквално зрно песок може да ја наруши стабилноста.

https://www.jaguar.de/jaguar-live/race-taxi-english-booking.html

Патниците во тркачкото такси се снимаат како се препотуваат на совозачкото седиште – и не само препотуваат. За цената од 200 евра без едно: Нордшлајфе е долга 20,83 километри, што значи дека секој километар чини 9,60 евра или приближно колку такси превоз од Петровец до Скопје. А, круг во најдивата сорта на Jaguar по Нирбургринг сигурно вреди повеќе отколку 20 превози со такси од и до Скопје.

Овој Jaguar навистина вози на струја

Jaguar и Land Rover во тура за културна преобразба низ Македонија

Jaguar и Land Rover во тура за културна преобразба низ Македонија (2)

Jaguar XJ220 го „освои“ Силверстоун за 25-годишнината

Jaguar I-Pace е за еден Golf поевтин од Tesla Model X

Jaguar XJR575: Брзински монструм од пакост маскиран во лимузина

Дизајнерот на Jaguar во интервју од „300 километри на час“

Претходна објаваСтартува производството на новиот Ford Focus
Следна објаваВо Монако се наддава за олдтајмери вредни 20 милиони евра

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here