За 25,4-километарскиот гран-при курс на Нирбургринг, којшто официјално се води како Нордшлајфе или Северен Јазол, добро е познато дека претставува ултимативен предизвик и за возачот и за возилото. Dunlop ни прикажува како изгледа тој предизвик од гледиште на гумите.
Што сé мораат да сработат гумите за најдобро време во Зелениот Пекол?
Патеката се состои од 33 леви и 40 десни свијоци, со најразличен радиус, со надолнини и нагорнини, па дури и со дел по когошто болидите се искачуваат под агол од 17 проценти. За еден круг, гумите се вртат 40.000 пати. Гумите за болид во класата GT3 мораат да издржат максимални оптоварувања меѓу 10.000 и 12.000 њутни.

На ланските квалификации за топ-30, Scuderia Cameron Glickenhaus го извозе најдоброто време во класата, со 8:15,427 минути. Просечната брзина беше 184,408 километри на час.
Дополнителен предизвик на Нордшлајфе е драстичната разлика во временските услови. Додека на делот од патеката што е на повеќе од 600 метри надморска висина може да грее сонце, на најниската точка, на 320 метри покрај Брајдшајд, се случувало да паѓа силен дожд за време на истиот круг.
Dunlop пристига со повеќе од 4.000 гуми на трката

Без разлика дали се работи за мазен и комбиниран профил или за гуми за дожд, Dunlop мора да ги обезбеди сите видови на гуми за сите услови и за сите барања на тимовите кои ги користат неговите гуми. Поради тоа, на Нирбургринг пристигаат 16 камиони, натоварени со повеќе од 4.000 гуми. Од четврток до недела, на патеката работат преку 40 сервисери за замена на гумите, инженери и техничари. Во „Градот на Dunlop“ секогаш е раздвижено на трите монтажни линии, кога тимовите ќе побараат нови гуми.
Тркачки камионет во пакосно лизгање по Нирбургринг
Subaru вети и го собори рекордот на Нирбургринг
Mercedes-AMG GT R извозе нов рекорд на Нирбургринг
Вака изгледа круг на Нирбургринг со BMW M4 DTM
Кореец на скутер мина 18.000 километри само за да извози круг на Нирбургринг
Гратчето покрај Нирбургринг и самото заличи на тркачка патека
Тест на летни гуми на АДАК: Димензија 175/65 R14 T
















