Uber откри дека софтверот е виновен за кобната незгода во Аризона

uber istraga nezgoda

Кобната незгода којашто ја предизвика роботскиот автомобил на Uber се должи на софтверска грешка. Тоа го покажала досегашната истрага, како што објавуваат американските медиуми. Компјутерот ги игнорирал податоците од сензорите коишто регистрирале пречка на патот и проценил дека станува збор за лажен аларм.

Uber ги прекина сите тестирања на возила со технологија за автономно возење

При ноќно тестирање во градот Темпе, во американската сојузна држава Аризона, роботскиот автомобил на Uber усмрти жена, којашто преминувала улица надвор од пешачки премин. Тогаш се постави прашањето, зошто возилото не запрело или заобиколило, иако сензорите ја регистрирале жената којашто туркала и велосипед додека преминувала улица. Снимките покажаа дека и тест-возачката во возилото на Uber не реагирала, затоа што во моментот пред незгодата гледала во дисплејот во кокпитот. По кобната незгода, компанијата ги прекина сите тестирања на технологијата за автономно возење.

Експертите посочуваат на тоа дека софтверот во роботските возила на Uber е направен да не реагира во одредени ситуации, на пример ако прелета пластична ќеса пред возилото. На тој начин се спречува непотребното и нагло запирање, коешто би предизвикало опасна ситуација. Во конкретниот случај, софтверот бил наместен да игнорира премногу, поради што техниката воопшто не реагирала.

Видеото од незгодата на Uber докажува: „Автопилотот“ не е за на улица

Техниката не била виновна за кобната незгода на Uber

Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона

Калифорнија ќе ги запленува автономните такси-возила на Uber

Volvo ќе произведува, Uber ќе купува автомобили без возач

Претходна објаваАвстралиска убавица ја спасува планетата според филмот на Nissan
Следна објава24 часа и 4000 гуми на Dunlop на Нирбургринг

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here