Техниката не била виновна за кобната незгода на Uber

uber незгода

Автомобил со техника за автономно возење во неделата усмрти жена во САД. Бидејќи станува збор за технологија во којашто се вложува многу за да стане дел од уличното секојдневие во блиска иднина, повеќе институции се ангажирани во истрагата за трагичниот настан.

По првата трагична незгода во којашто учествуваше возило со техника за автономно возење се извршија и првичните истраги. Тим од агенцијата за безбедност на патиштата во САД прв пристигна во градот Темпе во Аризона. Роботскиот тест-автомобил на компанијата Uber во неделата прегази жена којашто ја преминувала улицата. Таа почина во болница од повредите при судирот.

Полицијата соопшти дека возилото се движело во автономен режим со брзина од 64 километри на час. Не постојат докази дека сопирачките се активирале пред незгодата. Дозволената брзина на улицата изнесува 56 километри на час. Жената на возраст од 49 години, веројатно бездомничка, преминувала улица надвор од обележан премин и туркала велосипед покрај себе.

Снимката од камерата на возилото покажува дека жената ненадејно излегла пред возилото од темен дел покрај патот. Според полицијата, „незгодата тешко би се избегнала, без разлика дали во мануелен или автономен режим.“ Најблискиот пешачки премин се наоѓал на оддалеченост од 100 метри.

Индустријата има големи очекувања од технологијата за автономно возење, којашто треба да ги спречи сообраќајните незгоди. Според статистиките, девет од 10 судири се предизвикани поради човечка грешка. Во 2016 година, сообраќајот во САД однел над 37.000 жртви, додека бројот на загинати пешаци се зголемил за девет проценти.

Агенцијата за безбедност во сообраќајот оствари контакт со Uber, со локалните власти, како и со Volvo, чиишто автомобили се користат за вградување и тестирање на техниката за автономно возење. Во истрагата се приклучи и комисијата за истрага НТСБ. Тие обично се ангажираат при авионски незгоди, но и во други случаи на незгоди од коишто може да се извлечат заклучоци што ќе бидат корисни за севкупниот сообраќај.

Uber привремено ги запре тест-возењата со своите автомобили со техника за автономно возење. Роботските автомобили на компанијата се тестираат и во Сан Франциско, Питсбург и Торонто.

Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона

Калифорнија ќе ги запленува автономните такси-возила на Uber

Volvo ќе произведува, Uber ќе купува автомобили без возач

Uber ќе нарачува сто илјади примероци од Mercedes S-Class?

Uber доби помош од 600 милиони долари од Кина

Претходна објаваПовторно рација во седиштето на Volkswagen
Следна објаваBMW официјално по посетата од државните обвинители

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here