Истражители влегле во повеќе канцеларии во централата на Volkswagen и ја заплениле документацијата. Постои сомнение за извршена пазарна манипулација, односно наведување погрешни податоци со коишто берзата и инвеститорите биле доведени во забуна. Тоа подлежи на казна според законите за хартии од вредност во земјата.
Државното обвинителство во Брауншвајг ја прошири истрагата во случајот против концернот Volkswagen. Во почетокот на март, истражителите влегле во 13 канцеларии во централата на Volkswagen во Волфсбург и покренале нова истражителна постапка против непознато лице, заради сомнение за извршена пазарна манипулација. При претресот е запленета документација, како и дигитални записи.
Истрагата треба да докаже дали производителот навел погрешни податоци за потрошувачката на гориво, а со тоа и за емисијата на СО2 за своите модели од сериско производство. Постои сомнение дека Volkswagen во декември 2015 година издал ад-хок соопштение, коешто според производителот „имало погрешна содржина, од објективни причини.“
За да се „спасат“ акциите и новите инвестиции било објавено соопштение со погрешни податоци – според законите, тоа е пазарна манипулација
Соопштението коешто било релевантно за котирањето на берзата и за инвеститорите, било насловено како „Темата за СО2 е затворена“, заменувајќи го првото соопштение. Во тој документ, производителот навел дека при мерењето на вредноста на СО2, што е неопходно за хомологирање на возилата, „се појавиле вредности кои не може да се објаснат.“ Во тој случај, концернот ќе морало да изврши преправки на 800.000 возила, а економскиот ризик би изнесувал две милијарди евра.
Пет недели подоцна, Volkswagen излегува со ново соопштение, во коешто се наведува дека по извршените интерни контроли и мерења, „речиси сите моделски варијанти сепак ги исполнуваат првично измерените вредности на СО2.“ Производителот информира дека сомнението за противправна измена на податоците за потрошувачката на актуелните сериски возила не се докажало. Според интерните мерења, само кај девет моделски варијанти на марката Volkswagen биле утврдени мали отстапувања. Место кај 800.000 возила, проблемот требало да се решава кај само 36.000 возила.
Државното обвинителство во Брауншвајг сега се сомнева околу второто ад-хок соопштение и започна сопствена истрага. Според германските закони, доколку се докаже дека Volkswagen објавил погрешни податоци со коишто ги довел во забуна берзата и инвеститорите, односно ја заштитил вредноста на акциите и го спречил одлевањето на инвестициите, концернот ќе одговара за пазарна манипулација.
Volkswagen инвестира 340 милиони долари во теренецот за Америка
Volkswagen го прикажува идниот електричен топ-модел
Volkswagen воведува втора смена за електричниот Golf