за

Honda Е во сериска изведба премиерно во Франкфурт

Honda E Frankfurt seriska
Honda E Frankfurt seriska

Публиката првпат ќе ја види конечната изведба на електричната Honda E на салонот во Франкфурт за десетина денови. Практично нема измени од претходно прикажаниот прототип. Познати се уште неколку технички детали.

Honda ги објави и првите фабрички фотографии од електричниот градски автомобил „Е“. Тој е почеток на стратегијата што до 2025 година треба да постигне целата понуда од модели на Јапонците да поседува електрифицирана или целосно електрична погонска спрега. Honda E ќе се појави првпат во светот во својата сериска изведба на салонот во Франкфурт,

Како што Honda соопшти претходно, камерите во замена за обични ретровизори ќе бидат дел од сериската опрема, заедно со дисплеи од 6 инчи во краевите на кокпитот. Камерите дополнително придонесуваат за едноставноста во изгледот на градскиот електромобил.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Друг впечатлив детал се впуштените рачки во вратите. Најпријатното изненадување следи зад воланот, кадешто пречекуваат пет големи дисплеи, во комбинација со материјали и форми кои делумно потсеќаат на куќен мебел со ретро стил.

Два дисплеи од по 30 сантиметри во средината на кокпитот, личен асистент го разбира говорот на возачот и дополнително учи

Главниот дел од кокпитот им припаѓа на двојните дисплеј на допир од 12,3 инчи (31 cm). На нив се прикажуваат низа апликации и нови онлајн услуги, со коишто се олеснува интегрирањето на возилото во модерниот начин на живот на неговиот сопственик.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Погонската спрега ја сочинува електромотор со моќност од 136 или 154 КС, со вртежен момент од 315 њутнметри. Батеријата од 35,5 kWh е меѓу најкомпактните во класата и нуди досег до 220 километри. При користење брз полнач, за половина час се постигнува наполнетост од 80%. Задниот погон се грижи за динамично чувство во возењето. Спринтот од место до темпо сто трае околу осум секунди.

Мобилните апликации на Honda се достапни уште од 2017 година, нормално досега истите имаат напредувано неколкукратно

Онлајн-услугите и апликациите се достапни и преку говорни команди, со кои всушност се вклучува таканаречениот личен асистент на Honda. Станува збор за систем со вештачка интелигенција, кој го „разбира“ обичниот говор и нема потреба од учење фрази за ракување со истиот. Со текот на времето, личниот асистент учи од начинот на којшто возачот му се обраќа и на тој начин може попрецизно да ги исполнува неговите барања.

New photo by Automedia MK / Google Photos

Во Honda E ќе може да се пристапува и со помош на дигитален клуч, односно таа ќе може да се отклучува и заклучува само преку мобилниот телефон.

Предност при нарачките имаат пазарите во Велика Британија, Германија, Франција и Норвешка.

Единствената непознаница останува цената. Нашата прогноза е 35.000 евра, без субвенциите што ги одобруваат повеќето европски држави.

Електричната Honda ќе биде вистинска забава по градските улици

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

бизнис центар премиум макаутостар

Мак Аутостар по 25 години работа нуди и „мерцедес“ деловен простор

Volkswagen eKafer prepravka

Volkswagen Beetle, добар, стар и со погон на струја