Мак Аутостар по 25 години работа нуди и „мерцедес“ деловен простор

бизнис центар премиум макаутостар
бизнис центар премиум макаутостар

Попладнево се одржа свеченото отворање на новиот деловен центар покрај мостот Близнаци, кој уште рано во изградбата ја понесе огромната сребрена ѕвезда што врти на покривот. Тоа секако е најверодостојната асоцијација со карактерот на оваа зграда, што како да е пренесена директно од техно-перфектната Германија. Кусо, тоа што Mercedes е меѓу автобилите, Премиум е меѓу бизнис центрите.

Во стилот на техничките податоци на автомобилите што се во понудата на Мак Аутостар: Бизнис центарот Премиум располага со „работна зафатнина“ од 12.000 метри квадратни, „багажник“ со 190 паркинг места, во сериската опрема се вклучени фитнес центар, серверска и електро соба посебно за секој кат, а за ниската потрошувачка се грижи четирицевен систем со топлински пумпи Carrier.

На 25-годишнината од својата работа, Мак Аутостар денес официјално го отвори новиот бизнис центар Премиум. Станува збор за објектот што многумина го следеа додека се градеше и комплетираше, а прво стана впечатлив по осумметарската трикрака ѕвезда на Mercedes, којашто се врти на покривот на објектот.

25 години стоиме зад мислата, чувствувајте се како дома во Вашата канцеларија. Оваа идеја сакаме да ја споделиме со другите компании, градејќи објект во вредност од над 10 милиони евра, каде што во најсовремени услови ќе може да се гради својот бизнис
Зоран Марковски, генерален директор на Мак Аутостар

Сега, откако е пуштен во работа, се забележува дека тоа е објект изграден според најпримерни архитектонски манири, со големи стаклени површини и вешто владеење со пропорциите. Иако е масивен објект, со своите седум ката над земја, три ката под земја и катна површина речиси колку фудбалско игралиште, „Премиум“ се вклопува во средината, изгледа баш природно.

https://photos.app.goo.gl/XUWAdQr3C5DaVEAj6

На отворањето присуствуваа голем број бизнисмени и јавни личности, на коишто со пригодни говори им се обратија градоначалникот на Гази Баба, Борис Георгиевски, заменик амбасадорот на Германија, Ото Граф, и директорот на Мак Аутостар, Зоран Марковски. Домаќинот на настанот соопшти дека во изградбата на престижниот објект се вложени 10 милиони евра, а во истата учествувале повеќе од 80 компании, што се најдобри показатели за тоа колкаво е значењето на самата изградба на вакви објекти за стопанството.

https://photos.app.goo.gl/hxxTE45Y2Cc8utcB8

Специјалноста на секоја компанија или марка што била избрана како добавувач, придонесува за уникатната целина на бизнис центарот „Премиум“. Четирите лифтови со капацитет за 12 лица се производ на ThyssenKrupp, топлинските пумпи се Carrier, изолациските стакла се од Guardian, а самите прозорци се Schuco. Во подземната гаража на 3 нивоа има дури и полначи за електрични возила.

Викторија Лоба на дело, убавицата отпеа за атмосферата на отворањето да биде уште поимпресивна

https://photos.app.goo.gl/63iLBdxSzzpAwcPj9

Сета стручност, а неретко и виртуозност на специјалистите архитекти и градежници, кои учествувале во објектот, може и да се почувствува, преку природната осветленост на секој простор во објектот, пријатното чувство вооошто, отсуството на секаква врева, климатизацијата без провев, логичното снаоѓање низ просторот, деталите кои изненадуваат од секаде. Ако објектов има марка, тогаш тоа дефинитивно е Mercedes, и тоа S-Class.

Двата објекти на Мак Аутостар создават целина што оддава впечаток како тоа да е остров пренесен од најголемата урбанистичка и архитектонска гордост на некоја метропола во срцето на Европа

https://photos.app.goo.gl/qTaCjuNNgqtc4BfV9

Објектот се вклопува совршено со познатиот амбиент на салонот за Mercedes и Mitsubishi, па дури истиот се истакнува уште повеќе. Веднаш по скршнувањето од прометната улица, тука пречекува некоја друга атмосфера, можеби и оаза. Секако не е случајно избран слоганот: Чувствувајте се како дома во Вашата канцеларија.

И најубавите кадри од отворањето на бизнис центарот Премиум:

https://photos.app.goo.gl/SKnMsWiCdmoLyLAZ9

https://photos.app.goo.gl/QCxNTFFJ56UpJUh3A

Во приземјето се наоѓа салонот за користени возила; Продажните експерти на Mercedes кажуваат дека многумина прво мислат оти тоа се фабрички нови возила

https://photos.app.goo.gl/LvADnodXVPHXQ1GL8

https://photos.app.goo.gl/mXdhnni7vJG6sDFr7

https://photos.app.goo.gl/nBc3nF76vA1p9dRU8

https://photos.app.goo.gl/R5vwjrdibxKTuDBk9

https://photos.app.goo.gl/Undn8bosZDT1jS3Z6

Врска до веб-страницата за бизнис центарот Премиум 

Претходна објаваMercedes-AMG GLB 35: Седум седишта со пет секунди до сто
Следна објаваHonda Е во сериска изведба премиерно во Франкфурт

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here