за

Honda HR-V е староседелецот во сегментот на СУВ-возилата

Honda HR-V osvezuvanje

Кога првата Honda HR-V го нудеше концептот на СУВ во својата класа, постоеја само неколку модели. Денес класата опфаќа над дваесет модели, а HR-V и натаму е единственa. Сега и подосвежена

Honda HR-V влегува во новото моделско годиште со вообичаениот третман. Освежена е надворешноста, има неколку нови детали во кабината и нова опрема, а се интервенирало и во каросеријата со цел да се постигне уште пониско ниво на бучава.

Линиите што го сочинуваат „Solid Wing Face“ се подзатегнати, а темен хромиран панел со висок сјај доаѓа на местото на комбинацијата од црно и хром во горната половина од маската. Промени има и во отворот за воздух во браникот. Магленките имаат тркалезна форма, предните светла добија леќи и редизајнирано дневно светло како стандард.

Предниот дел на Honda HR-V ги презеде стилските зафати од Civic: Наскоро пристига и новиот CR-V

Хромираната лајсна се повторува и назад, но е многу подискретна и оптички ги поврзува светлата. И тие добија затемнети лежи со моделското освежување. Повисоките нивоа на опрема поседуваат бандажи од 17 инчи со нов дизајн, но уште посуштинска промена е тоа што во нив стандардно се вградуваат комплетно диодни светла напред и назад. Покрај тоа, задните светла се затемнети за уште еден тон, а долу се забележува и хромирана издувна цевка.

Honda HR-V 8

Honda HR-V нуди избор од осум бои во новото моделско годиште, вклучувајќи темно-сина металик боја, односно „Midnight Blue Beam Metallic“. Стилот безмалку е главен аргумент на сите модели во овој популарен сегмент, тоа што прави Honda HR-V да биде посебна се „волшебните седишта“. Тоа е веќе традиција кај Honda, со којашто се постигнува максимална приспособливост на кабината.

Седиштата остануваат меѓу најголемите мајстории на Honda

Предните седишта се редизајнирани, со цел да се обезбеди поцврста потпора за телото, особено во делот на рамениците. Штофот во основното ниво на опрема сега е поквалитетен. Во повисоките нивоа се вградува комбинациај од штоф и кожа, со двоен штеп за ефект.

Под хаубата работи 1,5-литарски i-VTEC, со „атмосферски“ 130 КС и 155 њутнметри при 4.600 вртежи. Спринтот од место до темпо сто изнесува 10,7 секунди, односно 11,2 секунди во верзијата со безстепен менувач. Просечната потрошувачка изнесува 5,3 l/100 km, а емисијата на СО2 е 121 g/km со менувач CVT.

Honda HR-V 8

Honda користи напредна постапка на „хонување“, со којашто се создава исклучително мазна површина и се смалува триењето меѓу клипот и цилиндерската кошулка. Синџирот исто така користи нова облога со смалено триење, што води кон намалување на абењето на долг рок и подобрување на ефикасноста на моторот.

Активен систем што ги користи звучниците во кабината за да ги поништи звуците од подвозјето

Намален е обемот на звуците и вибрациите што допираат до патниците, благодарение на подебелиот слој изолација во сите подрачја на каросеријата, особено во предните поткрила, багажникот и предните и задните врати. Во повисоките нивоа на опрема следува и таканаречено активно поништување на звуците. Системот ANC ги регистрира ниските тонови во кабината преку два микрофони и ги поништува пуштајќи звук со спротивна фаза од звучниците во кабината.

Производството на моделската изведба со 1,5-литарски i-VTEC веќе стартуваше, испораките почнуваат во октомври. Во следната пролет ќе биде претставена поспортска изведба со 1,5-литарски турбо со околу 170 КС, а паралелно стартува и изведбата со 1,6-литарски дизел.

[FAG id=34670]

Вака претходната Honda HR-V убедуваше во теренските способности

Џенсон Батон ја комплетира серијата рекорди на Honda Civic Type R

Honda CR-V без дизел, но со хибрид

Се враќа „злобната тревокосачка“ на Honda

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Папа Франциско Skoda

И Папата се вози во Skoda

Lada 4x4 Vision Concept

Сите се џипови, само Lada e Niva: Најава за новата генерација