за

Најеколошкото гориво: Водород од сончева енергија

водород од сончева енергија

Енергетиката се подготвува за масовно користење на водородот во сообраќајот и во производството на топлинска енергија. Тоа може да се случи веќе во средината на следната декада. Согорување водород се случува без грам штетни материи, тој е совршеното погонско гориво. Но, услов е неговото производство да биде неутрално за животната средина и цената да се смали драстично.

На соларната платформа во Алмерија, на Југот на Шпанија, наскоро започнува пробно производство на водород. Тоа е најголемата соларно-хемиска постројка за производство на енергенсот на иднината. Врвни научници и индустриски субјекти, кои учествуваат во проектот наречен Хидросол, успеаја да ја усовршат постапката на производство на водород директно од сончевите зраци. Со новата конструкција на реакторот и со новите материјали, пробната постројка сега располага со моќност од 750 киловати. Во претходната фаза беа достигнати само 100 киловати.

Совршен енергетски синџир: Реакцијата на водородот на Сонцето се користи за произведување водород како погонско гориво на Земјата

Водородот може да се користи директно како погонско гориво во автомобилите со погон со горивни ќелии, какви што се Toyota Mirai или Honda Clarity. Покрај тоа, водородот се користи и во производството на синтетски погонски горива, како синтетски метан, метанол, бензин или керозин. Доколку водородот се произведува со помош на обновлива енергија, неговата примена може да придонесе за значително смалување на емисијата на СО2 од сообраќајот и од производството на топлинска енергија. Сончевата енергија е совршена за тоа.

водород од сончева енергија 2

Водородот се произведува директно од топлинската енергија на сонцето, преку термохемиска редокс-реакција. Со помош на голем број огледала, сончевата светлина се насочува во жариште, во коешто се создава екстремно висока температура. Оваа топлина понатаму се користи за водата да се раздвои на кислород и водород. Во првата фаза, сонцето ги загрева редокс-материјалите, како што се никел-ферит или цероксид. Материјалите во реакторот достигнуваат 1.400 степени Целсиусови. При оваа температура се случува хемиска редукција на материјалот, односно се ослободуваат молекулите на кислород, по што истите се одведуваат од реакторот.

Втората фаза се одвива при 800 до 1.000 степени Целзисови и во неа се случува фактичкото раздвојување на водата. Водена пареа струи низ реакторот, при што редуцираниот материјал го апсорбира кислородот од водата, односно таа оксидира хемиски. Кислородот останува во реакторот, водородот излегува. Откако материјалот ќе оксидира целосно, следи повторна регенерација преку првата фаза, со што циклусот започнува одново.

Системот функционира беспрекорно, проблем е симболичната продукција на водород

Хидросол е првата постројка во којашто се одвива комплетниот процес, од производство, до раздвојување и акумулирање на беспрекорно чист водород. Системот функционира, но продуктивноста е симболична. Сепак станува збор за пробна постројка што постојано се усовршува. За една седмица, Хидросол произведува еден килограм водород. Тоа е доволно за еден автомобил со погон на водород да извози нешто повеќе од 100 километри.

водород од сончева енергија 3

Комерцијалната примена е можна дури во следната декада. Слични постројки може да се поставуваат во места кадешто не постои електрична мрежа. Системот е исплатлив веќе при продукција од десет килограми водород неделно. За десетина години може да се очекува и почеток на индустриското производство на водород.

Во светот работат 274 пумпи за точење водород

Меѓународниот проект е под координација на грчкиот истражувачки институт Аеросол и Технолошката лабораторија за честички, а во него учествуваат Германскиот Центар за Аеро и Астронаутика, шпанскиот истражувачки центар Циемат, холандскиот ХајГир и грчкиот Хеленик Петролеум. Германскиот институт за соларни истражувања раководи со развојот на соларниот реактор и со мерната и регулациската техника. Проектот е финансиран од европската технолошка иницијатива за горивни ќелии и водород. Идејата за Хидросол е повеќепати наградувана, меѓу другото со Декартовата награда на Европската Унија во 2007 година и со награда за еко-технологија на светската изложба во Токио во 2005 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla тестирање дајмлер

Tesla Model X распаднат по тестирањето од Mercedes

mercedes s-class cabriolet

Со вграден спа-центар: Mercedes S-Class Coupe и Cabriolet