за

Автобуси со водороден погон од Toyota ќе возат во Мадрид

Во шпанската престолнина првпат ќе возат автобуси што користат водород, задвижувани од погон со горивни ќелии од Toyota.

Производителот CaetanoBus ќе ги испорача првите 10 водородни електрични автобуси на претпријатието за градски превоз во Мадрид.

Новите автобуси со моделска ознака H2.City Gold се опремени со најновата генерација горивни ќелии од Toyota и ќе му бидат испорачани на градот Мадрид во 2024 година.

CaetanoBus, португалски производител на автобуси и шасии, којшто е дел од Toyota Caetano Portugal и Mitsui & Co, веќе има испорачано водородни автобуси на претпријатието за јавен превоз во Барцелона, како и на компаниите Alsa и Avanza. Производителот има победено и на јавни наддавања во уште неколку градови во Шпанија.

Градското сообраќајно претпријатие на Мадрид (ЕМТ) му додели налог на CaetanoBus, во рамките на првиот голем тендер за овој вид автобуси со нулта емисија. Во шпанската престолнина ќе бидат испорачани 10 автобуси со погон на водород.

Станува збор за моделот H2.City Gold, којшто е опремен со втората генерација на модули со горивни ќелии од Toyota. Десттте водородни автобуси се први од овој вид во возниот парк на Мадрид и ќе бидат пуштени во промет во 2024 година.

Автобусите на CaetanoBus се избрани и за јавниот превоз во Тарагона, а победија и на јавниот тендер на Технолошкиот институт на Канарските Острови.

H2.City Gold е стандарден нископоден автобус со алуминиумска каросерија. Модулот со горивни ќелии на Toyota постигнува трајна моќност од 70 киловати. Новиот водороден погон на Toyota е покомпактен, полесен и уште поефикасен, а воедно нуди и повисока енергетска густина од претходната генерација. Системот се изработува во центарот за истражување и развој на Toyota Motor Europe (TME) во белгиски Завентем.

Португалскиот специјалист досега има продадено близу 120 примероци од H2.City Gold, во Германија, Франција, Шпанија, Поргугалија и Данска. Пуштањето автобуси со водороден погон во Мадрид добива вистинска смисла, затоа што компанијата EMT има вложено 10,8 милиони евра во изградба на постројка за производство на водород и во системо со фотоволтаици, од којшто псотројката ќе се снабдува со електрична енергија.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Мотоцентар е стандард за гумите, новиот предизвик се германските масла Rowe

Швајцарскиот увозник со специјална серија за 35 години Suzuki Vitara