Suzuki Vitara одбележува 35 години присуство на швајцарскиот пазар, односно како што наведува увозникот за марката, „Suzuki Vitara веќе 35 години ја вози Швајцарија безбедно до целта по секаков терен.“ Секако дека со тоа се мисли на снеговите и предизвикувачките услови за возење во алпската земја На тоа се должи и традиционално одличната продажба на моделите на Suzuki во Швајцарија. За овој јубилеј ќе биде изработена посебна серија од Vitara, достапна на швајцарскиот пазар.
Suzuki Vitara има надминато 3,5 милиони примероци од сите свои генерации досега и мина бројни трансформации, од лесен теренец за забава, најчесто без покрив, до денешната генерација, којашто нуди избор од два степени на електрификација, односно благ хибрид и полн хибрид.
Швајцарскиот увозник на Suzuki, во чест на јубилејот, но и на големото име што моделот го има изградено на сцената во алпската земја, подготви специјална серија од Vitara. Секој примерок од оваа серија располага со т.н. пакет Edition 35, којшто содржи:
– модерни украсни елементи и декорација на воланот
– 5 години премиум гаранција на Suzuki подарок (во Македонија стандард)
– Лајсни на праговите на предните врати
– приврзок за клуч од квалитетна кожа
– бесплатен металик лак
Купувачите на јубилејниот модел добиваат и попуст во висина од 1.720 швајцарски франци (1726 евра)
Специјалната серија „Vitara Edition 35“ е со погон на сите тркала и може да се избира меѓу изведба со благ хибриден погон или верзија со полн хибриден погон и безтсепен менувач.
Основната изведба со 1,4-литарец со благ хибриден погон и 129 КС, во Швајцарија чини 29.490 франци. Добредојдена споредба со цените во Македонија: Suzuki Vitara 1.4 BoosterJet Allpgrip 4WD, тука чини 24.990 евра. Нашата Vitara веќе е „специјална“.