
Посетителите ќе можат да направат пробни возења на уште шест различни модели на Тесла, вклучувајќи модели опремени со системот за полуавтономно возење ФСД на производителот од САД, јави Серж Гашо, директор на шоуто.
Тоа ќе биде првпат роботското такси да се појави пред европската публика, иако посетителите на Париз Ауто Шоу нема да имаат можност да се возат во Сајберкеб. Роботското такси не поседува волан и педали.
Сајберкеб е клучна алка во планот на Тесла да прерасне од производител на електрични возила во лидер во производи од вештачката интелигенција, вклучувајќи човеколики роботи. Извршниот директор Илон Маск го претстави ова возило како столб на идниот вносен бизнис со роботско такси, со надеж дека во понапредната фаза ќе испорача илјадници вакви автомобили.
На салонот ќе учествува и концернот Стелантис, со најави за преку 60 изложени возила од осум од своите вкупно 15 марки, со цел да се укаже на повторното јакнење на производителот на автомобили, откако раководењето го презеде извршниот директор Антонио Филоса, на местото на Карлос Тавареш.
Рено ќе изложи околу 50 возила и концепти, меѓу кои и новата генерација на Дачиа Спринг, којашто сега се произведува во Словенија, и со тоа за неа повеќе не важат казнените царини за ЕВ што се увезуваат во Европа од Кина.
Кинеската автомобилска индустрија ќе изложува возила од преку 15 марки.
БМВ неодамна соопштија дека ќе се откажат од годинешниот салон, откако новиот извршен директор Милан Недељковиќ најави скусување на трошоците, поради намалените прогнози за профитот за годинава.













