Тесла набавува делови од Кина за роботите што ги монтира во САД

Тесла ги нарача првите компоненти од кинески добавувачи за роботите што ќе ги склопува во својата фабрика во Калифорнија. Производителот на електрични возила од САД, со овој потег ќе го користи снабдувањето од Кина, најголем производител на човеколики роботи, за да ја зголеми сопствената продукција во САД.

Тесла Оптимус

Тесла започна со нарачки на кинески делови за човеколиките роботи што ги произведува во САД, според објавата на еден државен медиум во Кина.

Со набавката на делови од Кина, којашто е најголем производител на човеколики роботи во светот, Тесла ќе го забрза производството во својата фабрика во Фримонт, Калифорнија. Веста ја објави Д Пејпер, дигитална платформа за вести во државна сопственост.

Во средината на септември, тимот за роботика на Тесла направил посета на фабриките на три добавувачи за автомобилски делови во пристанишниот град Нингбо, на истокот на Кина: Џојсон Електроникс, Туопу Група и Санхуа Аутомотив.

Пред посетата, трите компании добиле нарачки од Тесла, за компоненти што се користат во човеколики роботи, како што се зглобови, серво мотори и прецизни структурни делови.

Тие ќе започнат со масовно производство на деловите, откако ќе биде оценета нивната работа, што ги вклучува перформансите на нивните производствени линии и исполнувањето на стандардите.

Тесла во јануари соопшти дека ќе прекине со производство на своите скапи модели С и Икс, за фабриката во Калифорнија да ја користи за монтажа на роботот Оптимус.

Пробното производство на Оптимис започна лани. Тоа што Тесла се потпира на кинески добавувачи докажува дека Кина е владетел на светскиот пазар на роботика, со својата напредна технологија и пониските трошоци за производство.

Трите компании се вбројуваат меѓу 100-те најголеми добавувачи во светот.

Џојсон, Туопу и Санхуа веќе испорачуваат делови за електричните возила на Тесла, како и за производители на човеколики роботи, меѓу кои Аги Бот и Јунитри Роботикс.

Тимот од САД ги посети и погоните на Тесла во земјата. Фабриката во Шангај, којашто произведува од 2019 година, работи со три електрични модели – 3, Уај и продолжената изведба Л на Уај.

Од Шангај се испорачуваат Тесли ширум светот. Во првото полугодие, од фабриката се испорачале 28 проценти повеќе возила од лани, со вкупно 468.000 возила. Тоа претставува 56 проценти од светската испорака на возила на Тесла, што достигна 838.000 автомобили во првите шест месеци.

Фабриката во Шангај набавува локално 95 проценти од компонентите со коишто работи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Automedia.mk (@automedia.mk)

Претходна објаваНио се повлекува од германскиот автомобилски пазар?

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here