
Продажбата на малечки автомобили со електричен погон се зголеми повеќе од двојно во август, откако новите ИД Поло, Купра Равал и Нисан Микра придонесоа уделот на електрични модели во продажбата во класата да се зголеми на 21 проценти.
Групациите Фолксваген и Рено се соочуваат со долги листи на чекање за нивните малечки електрични автомобили, а тоа им ги отвори вратите на кинеските соперници да напаѓаат посилно во третиот најголем автомобилски сегмент во Европа.
Тесното грло во снабдувањето на фабриките со делови се создаде откако нагло порасна побарувачката за електрични модели. Во исто време, кинеските марки ја прошируваат својата понуда од достапни електирчни модели.
Продажбата на возила од градска класа во првите осум месеци порасна 1,8 проценти, на 1,24 милион, што е под просекот на целиот европски пазар што постигна раст од 5,6 проценти. Градските автомобили и натаму се трет најголем сегмент на европскиот пазар, и покрај тоа што нивниот сегмент не расте толку брзо како целиот пазар. Првите два сегменти им припаѓаат на СУВ моделите од компакт и градската класа.
Побарувачката скокна во август, постигнувајќи раст од 6,1 проценти. Уделот на електирчните модели во сегментот се зголеми повеќе од двојно во споредба со лани, поради наглиот раст на цените на горивата и изборот од повеќе модели на пазарот.
На електричните модели им припаднаа 21 проценти од градскиот сегмент во август, благодарејќи на почетокот на испораките на Фолксваген ИП Поло и на сестринскиот модел Купра Равал, како и на Нисан Микра. Водечкиот електричен модел во сегментот, Рено 5 Е-Тек, ја зголемил продажбата за 34 проценти во август.
Директорите на концернот Фолксваген кажуваат дека ја потцениле побарувачката. Рено исто така одвај достасува да ја покрие побарувачката за 5 Е-Тек.
„Фолксваген пред неколку години реши да го зголеми производството и тие уште сега имаат полни книги со нарачки до следното лето, затоа што се изненадени од големата побарувачка за автомобилите,“ изјави Патрик Хумел, главен аначлитичар во банката УБС. „Тоа е проблем, затоа што нема секој заинтересиран купувач на ИД Поло да чека девет или 12 месеци. Тие можеби ќе купат Би Уај Ди.“
Кинеските марки држат удел од 6 проценти во продажбата во градската класа до август, што е под нивниот удел од 9,9 проценти на целиот автомобилски пазар во изминатиот период.

Постојано расте бројот на нови модели од кинеските производители, меѓу другото и Липмотор Б03, што за неколку месеци ќе се појави во продажните салони.
Проеѓањето на електричен погон предизвика пад во продажбата на познатите модели. Дачиа Сандеро и Рено Клио се двата најпродавани градски модели по осум месеци, но и двата доживеаја двоцифрени падови во продажбата.
Седум од 10-те најпродавани модели во градската класа имаат пад, меѓу нив Пежо 208, Опел Корса, Ситроен Ц3, Тојота Јарис и Шкода Фабија. Единствено Фолксваген Поло, Сеат Ибица и Рено 5 Е-Тек постигнаа раст во продажбата меѓу 10-те најпродавани до август.
Расте и популарноста за хибридниот погон во сегментот, на којшто отпаѓаат 18 проценти од продажбата, и којшто порасна за 7 проценти по првите осум месеци.
Тојота Јарис е најпродаван хибрид во градската класа, со 102.413 возила, а силен раст има и хибридната изведба на новото Рено Клио, на второто место.

Дачиа очекува дека ќе го прекине падот од 11 проценти во продажбата на Сандеро годинава, со неодамнешниот старт на хибридната верзија.
Стелантис и натаму е најмоќниот производител во сегментот на градските автомобили, со речиси една третина од вкупниот пазар и 386.774 возила до август, што е за 4,8 проценти повеќе од лани. Втора е групацијата Рено, со удел од 27 проценти, а потоа следи групацијата Фолксваген со 17 проценти.
Концернот Стелантис надомести за падот кај Пежо 208, Опел Корса и Ситроен Ц3, со забрзување на продажбата на новата Фиат Пранде Панда, којашто е 11-ти најпродаван дел во сегментот, со 51.059 возила. Најголемиот дел од продадените возила (81%) се во изведбата со благ ибриден погон, додека преостанатиот дел се електричните верзии. Чисто бензинската изведба на Гранде Панда почна со продажба неодамна.
Високиот удел во продажбата на изведбата со благ хибриден погон укажува дека Италија, како домашен пазар на Фиат, и натаму е резервирана околу електричните возила, на коишто отпаѓаат само 5,8 проценти од продажбата во сегментот во земјата. Тоа е далеку за 21-те проценти во Германија, 20-те проценти во Франција или 13-те проценти во Обединетото Кралство. Уделот на електричните модели во градската класа во Германија порасна 34 проценти во првите осум месеци, благодарејќи на побарувачката за Равал.

Стелантис се токми да ги замени своите најпродавани градски модели, со нова генерација на 208 и Корса. Тие ќе бидат конструирани врз новата платформа СТЛА Уан што дава предност на електричниот погон. Новата електрична 208-ка стартува в година.
Опел соопшти дека новата СТЛА Уан овозможува поголема ефикасност во производството, што ќе придонесе за ценатa на идната електрична Корса да биде 5.000 евра под тековниот модел. Тоа вклучува и подостапна батерија ЛФП.
Иако СТЛА Уан предвидува можност и за бензински мотори, идните нови градски модели ќе се произведуваат само во електрична изведба.
„За да се достигне ценовна точка од 25.000 евра, морате да направите јасен избор во платформата, а за варијантата СТЛА Уан што ќе ја вдоми Корса, неопходен беше изборот таа да e само електрична,“ изјави извршниот директор на Опел, Флотијан Хутл.
Производителите се соочуваат со тешка дилема, дали да ги задржат моделите со мотор со внатрешно согорување во сегментот.
Шефот на Опел изјави во јуни дека се сложува да продолжи производството на Опел Корса со благ хибрид од тековната генерација, доколку остане побарувачката, но неодамнешното зголемување во продажбата кај ЕВ, веројатно ќе ги убеди шефовите да изберат само електричен погон за новите модели, за да заштедат пари.
Марките што постигнуваат силна продажба во Источна Европа или во Италија, каде што е слаба побарувачката за ЕВ, веројатно ќе нудат избор меѓу електричен и бензински погон.
Дачиа соопшти дека следната генерација на Сандеро, што доаѓа во 2027 или 2028 година, ќе се нуди со повеќе видови погон, вклучувајќи и ЕВ за првпат. Шкода посочи дека има намера да продолжи да ја произведува Фабиа со бензински мотори до почетокот на 2030-те, но ќе додаде и чекор во насока на електрификација, со воведувањето на изведбата со благ хибрид.














