Каде што завршува ГЛЕ 63 презема Мерцедес-АМГ ГТ СУВ со 1.169 КС и техника од Ф1

Мерцедес-АМГ го создаде својот прв СУВ од сопствен развој и го постави на истата платформа како АМГ ГТ Купе 4. За десет минути полни енергија за 450 следните километри.

Мерцедес-Бенц Карс му го довери врвот во прославата на 140 години од првиот автомобил во светот на Мерцедес-АМГ ГТ СУВ. Тоа е втор модел што ја користи во моментов најнапредната техника на електричен погон на планетава, по АМГ ГТ Купе со 4 врати. Бројките: 1.169 КС, спринт за 2,5 секунди до темпо сто и 6,8 секунди до темпо двесте.

Мерцедес-АМГ првпат во својата 59-годишна историја конструираше сопствен СУВ од виша класа. ГТ СУВ е втор модел што ја користи платформата АМГ.ЕА, наменета за моделите на спортската марка со врвни перформанси, развиена само за електричен погон.

Тоа што прави ГТ СУВ да биде АМГ е ниското седење како во спортски автомобил, ниското тежиште што ѝ годи на стабилноста, и силуетата што е поблиску до спортски автомобил отколку до СУВ-грамада.

За да се надомести за дополнителната тежина од батеријата за електричниот погон, на многу места е користена лесна конструкција. Врвната изведба на Мерцедес-АМГ ГТ СУВ доаѓа со три електромотори со аксијален флукс, со сосем различна конструкција од радијалните електромотори и со предностите што таа ги носи. Тоа е истата погонска конфигурација како во неодамна претставениот АМГ ГТ Купе со 4 врати.

Посебноста во погонот е во директното ладење на батеријата, што овозможува долготрајно возење со високи брзини, како и брзо полнење на батеријата, со моќност до 710 киловати – за споредба, обичните полначи постигнуваат 22 киловати.

За подвозјето да биде дораснато за СУВ со следното ниво на врвни перформанси и со различната тежинска распределба од електричниот погон, инженерите развија нов АМГ Актив Рајд Конртол+. Тој спречува наведнување напред и назад при забрзување и сопирање, како и странично наведнување, но притоа задржува и комфор за патниците.

Со возни својства и перформанси како на најдобар спортски автомобил, на АМГ ГТ СУВ би му недостигал само уште звук на Ве-8, но и тоа на недостига. Посебна програма произведува звук како да се вози АМГ со осумцилиндарец.

Може да се избира меѓу три погонски изведби:

  • Мерцедес-АМГ ГТ 63 СУВ
  • Мерцедес-АМГ ГТ 55 СУВ
  • Мерцедес-АМГ ГТ 53 СУВ

Прва почнува со продажба изведбата ГТ 53 СУВ, со цена од 113.050 евра во Германија, а најсилните модели ќе следат напролет.

“На нашите клиентки и клиенти, со Мерцедес-АМГ ГТ СУВ им нудиме возило, што првпат на единствен начин соединува два света: рационални предности на СУВ со полна големина и врв во просторност, комфор и припособливост, со емотивен карактер на спортски автомобил како вистински АМГ. Кажано кусо: СУВ по форма, ГТ по природа”
Штефан Векбах, директор на Мерцедес-АМГ ГмбХ

Клучните својства на Мерцедес-АМГ ГТ СУВ

  • Врвниот модел располага со 1.169 КС и 2.000 њунтметри од три електромотори со аксијален флукс. Во основниот модел работат два асинрони електромотори со системски 544 КС. Сите изведби користат приспособлив погон на сите тркала АМГ 4Матик+.
  • Спринтот на ГТ 63 СУВ до темпо сто трае 2,5 секунди, до темпо 200 км/ч доаѓа за 6,8 секунди. Крјаната брзина е ограничена на 270 км/ч.
  • Со 800-волтна мрежа, тркалезни батериски ќелии со директно ладење, висока енергетска густина и интелигентно ладење и греење, АМГ ГТ СУВ може долго да вози со висока динамика.
  • Со батерија од 106 кВч нето, ГТ СУВ полни со 600 киловати и за десет минути обезбедува енергија за 380 километри пат. Батеријата од 128 кВч постигнува 710 киловати и за десет минути доаѓа до 450 километри.
  • Ново подвозје АМГ Актив Рајд Контрол+ е активно подвозје што спречува стреанично и надолжно наведнување, и може во еден момент да постигне и врвна стабилност и возни својства за возачко уживање, а во друг момент да „плови“ мазно како брод.
  • АМГ Форс Спорт+ е возна програма за врвно искористување на перформансите. Се произведува звук што е верен на мотор Ве-8 на АМГ или шестцилиндарец на АМГ, со симулирано менување степени, „трееачи“ во седиштата и соодветна графика во екраните.
  • АМГ Рејс Енџинир овозможува нагодување на возните својства по личен вкус. Со три вртливи прекинувачи се мести чувствителноста на погонот, возната динамика во свијоци и контролата на пролизгувањето на тркалата.
  • Интелигетен систем Аерокинетикс: До 150 километри на час, системот е нагоден да произведува колку е можно помал отпор на воздух, главно со тоа што ги затвора каналите за ладење. Над тоа, активниот кровниот сппојлер го нагласува спортскиот карактер на возилото и произведува дополнителен притисок, во корист на стабилноста и тракцијата.

Претходна објаваРасте продажбата на малечки автомобили, се бара електричен погон
Следна објаваЛипмотор почна да произведува во Шпанија, нема царини во ЕУ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here