
Тојота постигна нов рекорд на ниво на годишно производство, што се темели врз силната побарувачка за моделите на марката.
Светската продажба и продукцијата на Тојота постигнаа рекорд во деловната година што заврши на 31-ви март. Тоа се должи на постојано високата побарувачка за автомобилите на Тојота, како и на отсуството на пречки во снабдувањето со микрочипови што се провлекуваше низ изминативе години, соопштува светскиот број 1.
Јапонскиот производител сепак планира да го одложи почетокот на сериското производство на електрични автомобили во САД. Исто така е во план да се скуси домашното производство, со цел да се обезбедат безбедност и квалитет на возилата, по серијата скандали во компаниите што спаѓаат во корпорацијата, објави дневниот весник Мид Јапан Економист.
За годината што заврши во март, Тојота соопшти дека продажбата на возилата од матичните марки во концернот пораснала за 7,3 проценти, на 10,31 милиони возила. Тоа е првпат да се надмине продукција од 10 милиони возила. Продукцијата достигна 9,97 милиони возила, или за 9,2 проценти повеќе од лани.
Најголемиот производител на автомобили во светот сепак се соочи со намалување на продажбата и продукцијата во март, како последица од острата конкуренција во Кина, најголемиот автомобилски пазар во светот.
Светската продажба на Тојота во март се намали за 2,1 проценти во споредба со лани, на 897.251 возила, додека производството се намали за 10 проценти, на 807.026 возила.
Трикратно е зголемена продажбата на батериски електрични автомобили во деловната година што заврши во март, со 116.654 продадени возила.
Тојота планира да го одложи почетокот на производството на електрични возила во САД, за напролет 2026, место в година, како што се планираше претходно. Тоа го објави јапонскиот економски дневник, додавајќи дека производителот планира да направи „пауза“ во својот бизнис, со цел да се обезбедат квалитетот и безбедноста.















