за

Континентал казнет со 100 милиони евра за вмешаност во дизел скандалот

Казната вклучува одземање на добивката што ја постигнала компанијата од продажбата на делови за производителите на автомобили.

Континентал е казнет 100 милиони евра затоа што не спречил персоналот да учествува во измамата околу емисијата на штетни материи од дизел моторите, откако добавувачот се соочува со низа обвиненија од властите.

Обвинителите ја одредиле казната поради вмешаноста на компанијата во измама, преку тоа што на производителите на автомобили им продал повеќе од 12 милиони контролни единици за работа на мотор. Овие уреди, вградувани масовно од повеќе автомобилски концерни, служеа да се прикрие вистинската емисија на штетни материи од дизел моторите.

Користениот софтвер, односно барем дел од него, содржен илегални алгоритми, соопшти агенцијата во четвртокот.

„Илегалниот софтвер на крајот водеше кон тоа, возилата опремени со него да испуштаат повеќе азотни оксиди при нормално возење, отколку што дозволуваат законските одредби,“ соопштија обвинителите во Хановер.

Континентал кажа дека ја прифаќа казната по „обемни разговори“ со обвинителите во Хановер и реши да не поднесува жалба. Казната не претставува значителен товар врз добивката, поради провизијата што е постигната во претходните години, соооштуваат од Континентал.

Компанијата само од невнимателност ги прекршила своите обврски и отворено соработувала при истрагата, наведуваат обвинителите во Хановер.

Казната вклучува одземање 95 милиони евра од добивката што ја постигнала компанијата од продажбата на компонентите.

Во Хановер продолжува истрагата за криминално дело против 40-мина поврзани со Континентал. Тоа е дел од низа скандали од коишто Континентал е погоден во изминативе години.

Во почетокот на годинава, добавувачот се најде под удар на агенцијата на ЕУ за спречување картелско здружување, под сомнение дека биле договарани цени. Компанијата се најде и под хакерски напад, а се соочи и со пропусти во контролата на квалитетот во производството на индустриски и автомобилски црева.

Компанијата лани назначи член во управниот одбор надлежен за ризици и внатрешна проверка.

Континентал е 9-ти најголем добавувач на автомобилската индустрија, со 25,4 милијарди долари промет во 2022 година.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Тојота со рекордно производство, побарувачката одлична

Салоните на Опел со нов изглед, салонот на Еуроимпекс предничи