за

Во светот работат 274 пумпи за точење водород

Лани се отворени 92 нови станици за точење водород низ светот. Вклучувајќи ги четирите нови станици од почетокот на годинава, моментно работат вкупно 274 станици од коишто се снабдуваат возилата со погон на водород. Нивниот број продолжува да расте рапидно.

Додека електричните возила постепено стануваат дел од реалноста, паралелно напредува и технологијата што е супериорна над батерискиот погон – автомобилите со погон на водород. Инфраструктурата за овие сé уште егзотични автомобили дозволува со погон на водород да се патува од Норвешка до Северна Италија. Во блиско време, во регионите што се предводници во водородниот погон ќе бидат поставени уште повеќе станици.

Лани во светот се пуштени во работа рекордни 92 нови станици за водород, од коишто 83 се достапни јавно, додека останатите се наменети за јавен превоз или за службени возни паркови. Рекордер е Јапонија, со 45 новоотворени станици лани, по што следи САД со 25 станици, од коишто 20 се во Калифорнија. Европа има 22 нови станици за точење вородод. Во Германија привршува изградбата на уште 29 вакви пумпи, додека во САД се чекаат 24 нови станици. Во светот постојат вкупно 90 локации на коишто се планирани или веќе се градат пунктови за снабдување на водородните автомобили со погонско гориво.

https://automedia.mk/objavi/23558

Со 106 станици, Европа располага со најширока инфраструктура за точење водород, пред Азија со 101 и Северна Америка со 64 пумпи. Уште две пумпи се наоѓаат во Јужна Америка и една во Австралија. Повеќе од две третини од вкупниот број водородни пумпи, односно 188, достапни се јавно, а постои и тренд досегашните приватни пумпи да се префрлуваат на јавно користење.

https://automedia.mk/objavi/27077

Данска е земја со најголем број станици за водород по жител и прва во светот располага со мрежа по целата своја територија, додека Германија има најголем број станици и комплетно изграден коридор по којшто можат непречено да циркулираат возилата со погон на водород. Лани Hyundai докажа дека е можно со користење на постоечките станици за водород да се патува од Норвешка до Северна Италија. Во меѓувреме и Швајцарија се приклучи на трендот и ја отвори првата јавно достапна станица за водород.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вредноста на старите „буби“ расте вртоглаво

Автомобилите наскоро ќе го распознаваат нашето расположение