за

Принцот Алберт Втори од Монако со Toyota Mirai на стартот на трката

Појавувањето на Toyota Mirai во Монако, во чест на отворањето на трката за големата награда во формула 1 е значаен чин за автомобилот со погон на водород. Чест и од Принцот кој седна зад воланот.

Принцот Алберт Втори од Монако, во придружба од неговата сопруга, Принцезата Шарлин, го извозе почесниот круг пред почетокот на трката за големата награда на Монако со Toyota Mirai. „Иднината“ на Toyota е резултат од над дваесетгодишно истражување на најразлични тимови на Toyota и според јапонскиот производител, тоа е автомобилот „за следните 100 години“. Веројатно е случајност тоа што BMW го користи истиот слоган за одбележувањето на својот јубилеј.

Принц Алберт Втори од Монако на почесен круг со Toyota Mirai

Mirai или иднина на јапонски, користи водород како погонско гориво и не испушта ниту грам штетни материи, освен вода, а и таа е совршено чиста. Со Mirai и со идните модели со слична погонска технологија, Toyota планира до половината од ова столетие да ја смали емисијата на СО2 за 90 проценти во споредба со 2010 година. Јапонците не го пропуштија поводот да посочат на предностите на водородниот погон: Од издувната цевка излегува само вода, тивко возење, ист досег како автомобил со погон на бензин и 500 километри со едно полнење водород, како и три до пет минути потребни за полнење на двата резервоара со водород.

Со изборот на Toyota Mirai за почесниот круг, Принцот Алберт Втори од Монако продолжува со планот кнежевството да прерасне во пионер на одржливата мобилност.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Cayenne dizel

Дизелот ја губи популарноста во Европа

Bugatti Chiron се вдоми во Монако: Вака изгледа салон на Азурниот Брег