Kia ги чисти океаните

Корејскиот производител на автомобили Kia во следните седум години ќе ги подржува акциите за чистење на светските океани, како и поставувањето уреди за собирање на отпадот во реките.

Корпорацијата Kia и организацијата The Ocean Cleanup започнаа седумгодишна соработка, со цел за заедничко изнаоѓање решенија со коишто ќе се постигне поголема одржливост на животната среидна.

Непрофитната организација The Ocean Cleanup, со седиште во Холандија, развива скалесто применливи технологии, за океаните да се ослободат од платичниот отпад. Тоа во најголема мера се постигнува со собирање на отпадот при влевањето на реките, како и преку чистење на веќе насобраниот отпад во океаните.

Во моментов се развиваат масивни системи за делотворно собирање на отпадот и негово отстранување нa одредено временско растојание. Уредот што наменски е развиен и се користи за ограничување на влевањето на пластичниот отпад од реките е наречен Interceptor. Во следните седум години, Kia финансиски и организациски ќе им помага на The Ocean Cleanup, како во развојот на нови технологии, така и во настаните на организацијата. Kia воедно ќе користи дел од собраната пластика, за рециклирање и нејзино вклучување во изработка на нови делови од пластика.

Како дел од соработката, холандската организација ќе добие на располагање и четири електрични возила, една Kia KV6, носителка на титулата на европски автомобил за 2022 година, и три Kia Niro.

Во новата генерација на Kia Niro се применува висок степен на рециклирани материјали. Тоа меѓу другото вклучува рециклирани тапети и лисја од еукалиптус, а за лакирањето се користат бои што се растворливи во вода, со цел да се намали влијанието врз животната средина.

Возачи на електрични автомобили најзадоволни од Kia Niro EV

Претходна објаваМишко Барзов како Шеф Електрик и Ioniq 5 за најдобра кебачилница на Китка
Следна објаваСоларно-електричниот Lightyear One доби хомологација, продадени се 150 примероци

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here