за

Мишко Барзов како Шеф Електрик и Ioniq 5 за најдобра кебачилница на Китка

Шоу-мајсторот и автор на Авто Магазин, нашиот колега Крумислав Барзов, го направи најверодостојниот потфат на полето на електромобилноста: Кебапи печени на струја од електричен Ioniq 5.

Кој е најдобриот начин за македонската јавност да се заинтересира за електричниот погон и за сите пратечки појави околу него, што го сочинуваат поимот електромобилност? Разноразни наместени избори и автопанаѓури се покажаа неделотворни, Барзов ја пронајде вистинската формула.

Тој е човекот што на презентациите на нови автомобили го има прошетано целиот свет, два и пол пати, и човек кого генерации уште го препознаваат како водител на легендарното тв-шоу Несоница. Секако, Крумислав Мишко Барзов е наш колега, и неговата тв-емисија Авто Магазин се емитува секоја недела на Телма. Кога сите тие познавања и искуства ќе се преточат во потфат, за електромобилноста да се претстави на најверодостојниот начин пред македонската публика, се случува настан наречен Електричен Пикник.

Барзов во улога на Шеф Електрик и електричен Ioniq 5 како извор за напојување на електрична скара, го направија досега највкусниот и најблагомирислив проект на подрачјето на електромобилноста во Македонија. Настанот се одвиваше на падините на Китка, во познатиот комплекс Вединг Центар.

Посебноста на Ioniq 5 се состои во тоа што, со поставување посебен адаптер на приклучокот што обично служи за полнење на батеријата, возилото може да се користи како извор на електрична енергија. На адаптерот може да се приклучи каков било уред што користи електрична енергија, па дури и скара. Пикникот не губи од атракцијата ако е електричен, затоа што батеријата на Ioniq 5 може да испорачува енергија за целодневен пикник, не само за скара, туку и за музика, осветлување, за сé што оди со добра забава.

Многу пораки произлегуваат од овој важен настан, покрај забавната страна. Честитки за организацијата и досетливоста до нашиот ценет колега. На Барзов му посакуваме среќно премиерно прикажување на Електрик Пикник во следното издание на Авто Магазин и утеш бројни големи успеси.

Hyundai Ionic 5 е нереално реален автомобил

Сите електрични автомобили што се во понудата на увозниците на автомобилските марки во Македонија можете да ги погледнете во нашиот онлајн-каталог Avtosalon.mk , со сите моделски изведби, цени, технички податоци и сериска опрема, вклучувајќи можност за споредба на повеќе модели. https://avtosalon.mk/inventory/?motor_vid=elektro_motor

Mini ја вози првата електрична тура низ Македонија (Дел 1)

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Volvo 780 од Торино чинеше двојно повеќе од 760 GLE

Kia ги чисти океаните