за

Возачи на електрични автомобили најзадоволни од Kia Niro EV

Kia Niro EV освои највисоки оцени од сопствениците на електрични автомобили од големоволуменски марки, во истражувањето на JD Power во САД.

Од американското седиште на Kia во Ирвајн, Калифорнија, пристига вест дека Kia Niro EV втора година по ред добива највисоки оцени од сопствениците на моделот, во конкуренција на електрични автомобили од големоволуменски марки. Истражувањето го спроведува ценатата агенција JD Power.

Од преку 8.000 анкетирани сопственици на електрични автомобили од волуменски марки што учествуваа во истражувањето на JD Power, највисоки оцени од сопствениците доби Kia Niro EV – втора година во низа. Задоволството на возачките и возачите се оценува врз различни критериуми, како трошоци за одржување и работни трошоци, досег, искуство од сервисите, дизајн и уживање во возење. На крајот пресудува и оцената дали сопствениците повторно бо го кулиле истиот модел.

Шон Јун, претседател и извршен директор на Kia за Северна Америка, коментира дека „Kia има обврска да понуди разновидна гама од возила со доверливи услуги што овозможуваат исклучително задоволство на сопстсвениците.“ Ова постигнување е важно во периодот кога Kia се подготвува драстично да ја прошири својата понуда од електрични модели, со воведување цела низа СУВ и МПВ до 2027 година. Моментно честа на марката ја брани Kia EV6, електричен кросовер со врвна технологија и соодветни перформанси што спаѓаат во врвот на сегментот.

Во рамките на стратегијата Plan S, до 2027 година Kia ќе понуди на светскиот пазар 14 нови електрични модели

Студијата на JD Power се базира врз оцените на сопствениците на електричните модели, со максимални 1.000 бодови што можат да се освојат. Посебно се оценуваат моделите во премиум и во волуменскиот сегмент, меѓутоа 10-те критериуми за оценување се истите:

  • Точност на наведениот досег
  • Достапност на јавно достапни полначи
  • Досег
  • Трошоци за одржување и работни трошоци
  • Уживање во возење
  • Лесно полнење дома
  • Стил на надворешноста и внатрешноста (ново од 2022 година)
  • Безбедност и технологија (ново од 2022 година)
  • Искуство од сервисирањето (ново од 2022 година)
  • Квалитет на возилото и издржливост

Седум денови во Kia Sportage: Први впечатоци

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Toyota Yaris Cross е светски урбан автомобил на годината

Volkswagen Arteon, Arteon Shooting Brake 00008

Топ-менаџментот на Volkswagen мора две години да вози ист автомобил