за

Toyota Yaris Cross е светски урбан автомобил на годината

Меѓународното жири го изгласа компактниот СУВ на Toyota за победник во категоријата на урбани модели во изборот за светски автомобил на 2022 година.

Компактни димензии во комбинација со просторна кабина, хибридна технологија од четврта генерација и комплетна постава од системи за асистенција, што се грижат за безбедност и за комфор – сето тоа пресуди, жирито од 102 членови од 33 држави да ја изгласа Toyota Yaris Cross за светски урбан автомобил на годината.

Уште една светска титула за Toyota. Компактниот СУВ-модел Yaris Cross победи во изборот за Светски автомобил на 2022 година, во категоријата на урбани модели. Изборот се одржува секоја година, врз основа на гласовите од жирито, коешто брои 102 членови од 33 држави.

Стартувана со продажба кон крајот на 2021 година, Toyota Yaris Cross ги соединува искуството и вештината со коишто јапонскиот производител на автомобили располага во дизајнирањето и во конструирањето градски автомобили и СУВ-модели. Тоа го дознавме и при македонската премиера на Yaris Cross во салонот на Тојота Авто Центар, кога беше нагласено дека Toyota го гледа моделот поблиску до RAV4 отколку до Yaris, што си има верен круг купувачи.

Европските капацитети на Toyota одиграа голема улога во конструирањето на Yaris Cross. Дури и производството е во Европа, во фабриката во Валенсјан, Франција, којашто постои исто толку долго колку самиот Yaris.


Со освојувањето на титулата на Светски автомобил на годината, Toyota Yaris Cross докажа дека функционираат гените на Yaris. Тој во минатата година ја понесе титулата на Автомобил на годината во Европа.

„Почестени сме што нашиот модел е одликуван со Светски урбан автомобил’’, изјави Такатомо Сузуки, главен инженер на Toyota Compact Car Company во корпорацијата Toyota Motor. „При развојот на Yaris Cross се раководевме според нашата филозофија, да развиеме компактен автомобил со просторен багажник и со висока практичност, како и со доволна моќност и ниска потрошувачка на гориво. Ова одликување нé мотивира да продолжиме да развиваме автомобили со висок квалитет, што излегуваат во пресрет на потребите на нашите клиенти и придонесуваат за намалување на емисијата на СО2.“

Yaris Cross располага со хибриден систем од 4-та генерација, исполнува највисоки стандарди за безбедност врз основа на втората генерација на системите Toyota Safety Sense, како и со тиопичниот дизајн „Big-Small“, што соединува голема и функционална кабина, со компактни димензии. Yaris Cross ги комбинира овие вредности со типичните обележја на СУВ.

Toyota се повикува на долга традиција во оваа автомобилска класа, којашто прерасна во основно јадро на пазарот. Традицијата се навраќа до првиот RAV4, којшто пред 25 години беше меѓу основоположниците на СУВ-сегментот.

На пат со Toyota Yaris Cross: Имате забележано колку е убава Преспа зиме?

Во нашиот онлајн-каталог Автосалон.мк можете да ги погледнете сите моделски изведби на Toyota Yaris Cross што се во понудата на Тојота Авто Центар на македонскиот пазар

Toyota Yaris Cross 1.5 Fancy

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Серијата 2 е универзален BMW

Возачи на електрични автомобили најзадоволни од Kia Niro EV