Соларно-електричниот Lightyear One доби хомологација, продадени се 150 примероци

Одлични вести за автомобилот што многумина до скоро ценеа дека ќе остане само на проект. Холанѓаните добија хомологација за нивниот соларно-електричен автомобил. Според производителот, првата серија од 150 примероци од „Pioneer Edition“ веќе е продадена.

Сериското производство на холандскиот автомобил со соларни панели ќе започне пред завршетокот на летото, во Valmet во Финска. Заинтересираните купувачи сега можат да нарачаат примерок од серијата Limited Edition. Технологијата во овој автомобил ќе се користи во моделот Lightyear Two, којшто ќе стартува со продажба најдоцна за три години. Холанскиот лидер во услуги на Carsharing, компанијата My Wheels, планира Lightyear One да го нуди на своите корисници веќе од слегната година. Во 2024 и 2025 година, во возниот парк на My Wheels ќе пристигнат околу 5.000 примероци од Lightyear Two.

Актуелниот прототип на Lightyear при возење со постојана брзина од 85 km/h може да постигне досег до 710 километри. Во случај да се вози со 130 km/h, тогаш досегот на Lightyear One се скусува на нешто повеќе од 400 километри.

Со површината од пет метри квадратни под соларни панели, Lightyear One може со месеци да се вози без потреба да се полни батеријата

Со помош на соларните ќелии и исклучително нискиот отпор на воздух од cw 0,2, овој досег се постигнува со батерија од само 60 kWh. Како највисока брзина на лимузината долга 5,1 метри се наведуваат 160 km/h. Багажникот располага со зафатнина од 780 литри, односно 1.701 литар со соборена клупа.

Како и вообичаено, „мал проблем“ е цената од 250.000 евра. Се испорачува само во ЕУ, Швајцарија и Норвешка. Исто така е вообичаено, револуционерните автомобили во денешниве времиња да немаат проблем да најдат доволен број купувачи.

Светската премиера е најавена за 9-ти јуни.

Основни технички податоци

Lightyear One

  • Досег 725 km (WLTP)
  • Погон 4 независно контролирани електромотори, напредна распределба на вртежниот момент.
  • Потрошувачка 83 Wh/km (WLTP) – без клима и други потрошувачи
  • Забрзување 0 – 100 km/h за помалку од 10 секунди
  • Димензии 5057 x 1898 x 1426 mm
  • Брзина на полнење – досег за 1 час полнење
  • Соларно полнење 12 km
  • 3.7 kW · 35 km
  • 22 kW (Public) · 209 km
  • 60 kW (Fast charging) · 570 km

https://youtu.be/F2bFY1qU_as

Претходна објаваKia ги чисти океаните
Следна објаваНовиот директор на Автоваз е поранешен руски министер за транспорт

1 КОМЕНТАР

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here