за

Видеото од незгодата на Uber докажува: „Автопилотот“ не е за на улица

uber nezgoda snimka

Во неделата се случи незгода при тестирањето на технологијата за автономно возење на Uber. Жена загина, полициската истрага покажа дека незгодата била неизбежна. Но, од тоа што го покажуваат камерите во возилото, развојот на автопилот-техниката е многу далеку од нивото што досега ѝ се прикажуваше на јавноста.

Полицијата во градот Темпе, Аризона, објави видео од кобната незгода во којашто автомобил со техологија за автономно возење усмрти жена. Ова е првпат во јавноста да се појави видео за технологијата на автономно возење, што не е „режирано“ од производителот и не е наменето за самофалење. На снимката од камерата што го следи однесувањето на возачот, односно возачката во случајов, таа непосредно пред кобната незгода гледа во кокпитот, место на патот пред себе.

Снимката од незгодата покажува дека техниката воопшто не реагирала додека жената ја преминувала улицата; Во моментот на незгодата таа се наоѓала на чекор од тротоарот
uber tempe arizona

Секако дека целта на технологијата за автономно возење е да го замени возачот, но тука станува збор за тестирање на системите и на способноста на техниката да реагира соодветно во опасните ситуации. Тоа значи дека возачите на Uber не би смеело да си дозволат ваква комоција додека техниката уште се тестира. А, како што открива видеото, претстои уште долго созревање на техниката.

Од кобната незгода на Uber не може да се заклучи дека автономните возила на останатите компании би реагирале исто, односно дека тие не би успеале да ја избегнат незгодата

Сите радари, сензори, ласери, камери, контролни уреди и процесори во возилото, барем во случајов со посредникот за услуги за превоз Uber, се неспособни да регистрираат човек што се движи по патот, затоа што тој е во „темница“. Полицијата во Аризона очигледно ѝ ја простува вината на техниката, проценувајќи дека и возачот не би ја избегнал опасната ситуација, додека жената се наоѓа на делот од улицата што е неосветлен.

Логичното прашање: Зарем ласерите и радарите не требаше да ја регистрираат жената, без разлика што таа ја преминува улицата на неосветлен дел и надвор од пешачки премин?

Дебатата околу способноста на технологијата за автономно возење штотуку почнува. Но, едно станува јасно. Во отсуство на стандарди и мерила коишто би ја утврдиле созреаноста на техниката да ја преземе контролата над возилото од возачот, компаниите како Uber се убедени дека техниката им работи беспрекорно. Уште не е направена споредба како функционира технологијата за автономно возење кај одделни производители на автомобили.

Тоа што правдата е на страна на техниката, не треба автомобилите да ги претвора во убијци

Од кобната незгода на Uber не може да се заклучи дека автономните возила на останатите компании би реагирале исто, односно дека тие не би успеале да ја избегнат незгодата. Ова чувствително подрачје, сепак е подобро да им се препушти на производителите на автомобили. Поточно, на некои од нив.

Техниката не била виновна за кобната незгода на Uber

Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона

Возачите тринаесетпати ги спасиле автономните возила на Google од судир

Роботски автомобили за посетителите на ЦЕС во Лас Вегас

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

merecdes glc f-cell

За погонот на водород нема лош збор: Mercedes GLC F-Cell

интернет за камионските гуми

Камионските гуми добија интернет