за

Германските училишта повторно во акција против родителско такси

Училиштата и детските градинки во Германија уште сега се подготвуваат за септемвриската акција што се бори против „родителското такси“.

Повеќе организации за деца, сообраќај и образование во Германија секоја година организираат повеќедневна акција, којашто е насочена против практиката децата да се земаат од училиште и од градинка со автомобил.

„Децата го можат тоа – не мора да биде родителско такси“ е годинешното мото на акцијата што се одржува дури во септември и организаторите уште сега ги повикуваат училиштата и градинките да се земат учество. Самата акција што редовно се одржува се води како „Пеш до училиште и до градинка“.

Акциските денови се предвидени за периодот од 16-ти до 27-ми септември 2024 година. Целта во деновите на акцијата е колку е можно поголем број деца самостојно да дојдат пеш, со велосипед или со тротинет до уличиште или градинка.

Во последните години учествуваа десетици илјади деца ширум Германија и акцијата секогаш минуваше успешно. Училиштата се пријавуваат за учество на посебно организиран вебсајт, со информации, идеи за проекти и материјали за рекламирање на акцијата. За најкреативните идеи се предвидуваат посебни материјални награди, исто како и за сите посебни постигнувања во акцијата.

Меѓу примерите за најдобри идеи од минатите години се вбројуваат собирање „пешачки бодови“ за секој изоден пат, за игри нацртани на асфалтот или за самостојно изработени и дизајнирани налепници што децата ги носат во акцијата.

Сето тоа е со цел за децата да се поттикнат за самостојно да се движат, пеш, со велосипед, со тротинет. Предвидени се и станици, на коишто децата се собираат и заедно пешачат до училиште.

Големата цел секако е да се поттикне реформа во собраќајот, со главен нагласок на безбедноста на децата за сами да се движат по улица. Организаторите порачуваат патот на децата да биде безбеден и родителите да не мораат да бидат загрижени што нивните деца се самостојни. Посебно се нагласува двоењето на уличниот сообраќај околу училиштата и градинките. Ограничување на брзината на 30 км/ч е суштинска мерка, и тоа не само во околината на објектите.

Се бара и забрана за запирање и паркирање пред училишта, вклучувајќи доследно казнување за прекршоците.

„Родителското такси“ е голема тема во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Зошто во европските пристаништа се трупаат кинески електрични автомобили

Алфа Ромео Јуниор првпат пред јавноста – во Милано