за

Возач на Tesla докажува: Автопилотот е виновен за кобната незгода

tesla avtopilot video

Пред неколку недели загина возач на Tesla, откако неговиот автомобил удри директно во заштитна ограда. Видео што го сними друг возач на Tesla на истото место, дава многу очигледно објаснување како се случила кобната незгода. Можна причина за загинувањето на возачот во Tesla е системска грешка во работата на автопилотот.

Автомобилот сврте в лево, без предупредување, директно кон заштитната ограда,“ кажува возачот Шантану Јоши на видеото. Доколку тој не ја презел контролата над возилото, незгодата би била неизбежна. Притоа нема никаков знак дека настанала системска грешка.

Можна причина за грешката на „автопилотот“ на Tesla е непостоечката лента

Eкспертот Фред Берз од Универзитетот Сан Хозе изјави за локалната телевизија, дека прекинатата бела лента, непосредно пред местото на незгодата е можна причина за погрешната работа на системот за автономно возење. Тој укажува дека „без јасни ознаки на асфалтот се јавуваат проблеми со ориентацијата.“

Tesla ќе вградува дополнителни ултразвучни сензори во своите возила. Од калифорнискиот производител на електрични автомобили посочија повеќе пати дека името „автопилот“ ги наведува возачите на погрешен заклучок околу функцијата на системот за асистенција и дека возачот мора во секое време да биде подготвен да ја преземе контролата над возилото.

Системи за спречување судир на тест на клубот АДАК

Асистентот на Opel резервира соба и наоѓа место за паркирање

Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона

Овој сообраќаен знак го читаат автономните возила

Шведски фамилии ги тестираат роботските автомобили на Volvo

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

загаден воздух

ЕУ ќе тужи девет држави поради загаден воздух

porsche macan 20

Porsche најмногу продава теренци, Америка најголем пазар