за

Scalfaro Hans Mezger Chronograph: Тркачки автомобил за на рака

Марката часовници Scalfaro има слабост кон автомобилите. По Mercedes 300 SL и Ferrari 250 GTO, на ред се следниот легендарен автомобил и неговиот креатор – Porsche 917 и Ханс Мецгер.

Porsche 917 е тркачкиот автомобил на столетието, а неговиот мотор со 12 цилиндри е една од најгенијалните конструкции во производството на мотори. Возилото беше развиено во 1968 година по иницијатива на Фердинанд Порше, а негов креатор беше Ханс Мецгер, кој подоцна го направи и дванаесетцилиндарскиот мотор со 1.100 КС. Со овој болид Porsche победи во генерален пласман на 24-часа Леман во 1970 година. Производителот на ексклузивни часовници Scalfaro сега му оддава чест на возилото и на Ханс Мецгер, со ограничена серија часовници.

Scalfaro LM917 Hans Mezger Edition содржи оригинални делови од тркачкиот болид Porsche 917, кои се вметнати во куќиштето на часовникот. Тркачките бои, целното знаме и основата на часовникот се изработени во стил на болидот. На проѕирното дно на часовникот се наоѓа скица на бандажите на Porsche 917 и дел од патеката во Леман. Покрај потписот на Ханс Мецгер, на часовникот се наоѓа и гравура со неговиот сериски број.

Часовникот се препознава по „вентилаторот“ покрај ознаката за 9 час, кој произведува мало воздушно струење и ја одведува топлината од телото и од триењето во механизмот. Овој воздух циркулира низ отворот на бројчаникот, меѓу долниот „машински простор“ и студениот „кокпит“ под стаклото, овозможувајќи оптимална температура во часовникот. Серијата е ограничена на 917 примероци, со цена на примерок од околу 7.000 евра.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

BMW го објави ценовникот за хибридниот суперспортист: Од 106.000 евра!

Chevrolet Cruze: Заминувањето од Европа им годи на Американците