за

Defender доби шатор за на покрив

Land Rover Classic подготви неколку нови ставки од прибор за сопствениците на историски примероци од Defender, за собирот во Гудвуд.

Кога старите примероци од Defender се појавуваат на сцената во добро одржувана состојба, тоа е одличен имиџ за новите примероци од култниот модел, односно по ново марка на JLR, покрај Discovery, Range Rover и Jaguar. Затоа и Британците го оформија Land Rover Classic, коешто редовно се јавува со новини.

На собирот што традиционално се одржува во Гудвуд во септември и посветен им е на историските автомобили, Land Rover Classic годинава донесе неколку нови ставки прибор, наменети за класичниот Defender.

Тоа е посебно одделение што работи официјално како дел од JLR и се грижи за снабдување на сцената со квалитетни резервни делови, тргува со ретки и врвно одржани примероци од Defender за колекционерите, а се јавува и како организатор на настани поврзани со моделот.

На имотот на Војводата од Ричмонд, во Гудвуд, во Западен Сасекс, веќе со децении се одржуваат значајни настани од светот на автомобилизмот, вклучувајќи го и Фестивалот на брзината во Гудвуд. Додека на тој настан се главни новите автомобили и навистина се цени брзината, сосем друг карактер има Гудвуд Ривајвл, којшто им е посветен на историските автомобили.

Со корени што досегаат до 1948 година, Defender секако дека има важно место на овој собир. Defender, по ново една од 4-те марки на JLR, заедно со Discovery, Range Rover и Jaguar, пристигна на „Ривајвл“ со пет историски возила, заедно со сета понуда од прибор од Land Rover Classic.

TentBox Cargo | Talkthrough from TentBox on Vimeo.

Меѓу овие пет возила беше главен „Expedition Camper“. Осмислено како совршено возило за кампување, внатрешноста е опремена од партнерот The Ply Guys, а највпечатливиот дел е шаторот за на покрив од TentBox. „Класичарите“ ќе почнат да го нудат шаторот од почетокот на следната година.

Дел од додатоците и преправките кај Defender Expedition Camper:

  • Шатор за на покрив TentBox Cargo Roof Tent (достапен во почетокот на 2024)
  • Диодни предни светла
  • Странични нагазници
  • Тркала Black Sawtooth со црна капа
  • Црни каросериски додатоци – маска, рамка на светлата, метален беџ, црни навртки

Седиштата се обложени со твид, а мебелот што е вграден во внатрешноста и го претвора Defender во кампер, изработен е рачно од специјалистите за преправки The Ply Guys.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Новата Серија 5 на BMW во салонот на М Кар: Со дизајн за уште пет генерации возачи

Peugeot 408 освои награда за дизајн од читателите на auto motor und sport