за

Во новата соработка меѓу Porsche и TAG има многу историја

Porsche и швајцарската марка луксузни часовници TAG Heuer склучија стратешка соработка. Има и нов часовник.

TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph

Во рамките на сеопфатната и долгорочна алијанса, двата премиум производители заеднички ќе настапуваат на спортските натпревари, но и во развојот на производи. Во првиот чекор, Porsche и TAG Heuer претставија нов модел на часовник: TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph.

Патиштата на двете компании се вкрстуваат веќе половина век. Уште од времето на основањето на Porsche и TAG Heuer постојат сличности меѓу двете компании. Тоа важи најмногу за визионерството на Едуард Хоер и Фердинанд Порше. Кога Хоер го изработил првиот хронограф, Порше конструирал нов вид на електромотор што се поставувал на самото тркало. Швајцарецот освоил награда на Светскиот саем во Париз во 1889 година, првиот електромобил на Lohner-Porsche бил одликуван на истата манифестација во 1900-та година.

Следното што ги спојува TAG Heuer и Porsche е името Carrera. Синот на Фердинанд Порше, Фердинанд Антон Ернст, со прекар Фери, во 1948 година ја основа марката Porsche. Во 1954 година, автомобил на германската марка победува во својата класа на Carrera Panamericana. Оттаму потекнува и ознаката Carrera што денес е заштитен знак на 911 и на самата марка.

Џек Хоер, правнук на Едуард Хоер, во 1963 година го дизајнираше првиот хронограф Heuer-Carrera. Целта е тркачите да можат да го следат своето време во текот на самата трка. Тој понатаму го дизајнира и првиот модел Heuer Monaco, инспириран од трката во Монте Карло. Во моделот е вложено многу и Џек бара нови начини за промоција на часовникот. Швајцарецот почнува соработка со германскиот тркач и дилер на Porsche, Џо Зиферт, кој за 25.000 швајцарски франци го поставува логото на Heuer на својот тркачки автомобил и на костумот. Џо воедно им ги продавал часовниците по дисконтна цена на своите колеги во мотоспортот. На крајот на сезоната во 1969 година, половина од возачите во Формула 1 носеле часовници Heuer.

Стив Меквин при снимањето на филмот Леман во 1970 година исто го носи логото на Heuer на својот комбинезон. Тој вози и Porsche 917 во филмот: Јас го возам истиот автомобил како Џо Зиферт и самам да имам ист комбинезон.“

Во средината на 1980-те години Heuer станува дел од групацијата TAG. Во тоа време, групацијата го развива и произведува турбо-моторот TAG заедно со Porsche. Со овој мотор, Ники Лауда го освојува првенството во 1984 година, а по него Ален Прост во 1985 и 1986 година. Понатаму се продлабочува соработката меѓу двете компании, во разни тркачки серии.

Хронографскиот часовник TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph

На прстенот на часовникот е гравирано името Porsche. На врската со спортската марка укажуваат и боите што се типични за Porsche: Црвена, црна и сива. Задната страна е проѕирна и овозможува јасно да се гледа новиот механизам на замавникот. Тоа е во чест на прочуениот волан на Porsche, со натписи на двете марки.

Асфалтниот ефект на бројчаникот исто е обележје на TAG Heuer Carrera Porsche Chronograph и ја прикажува страста за мотоспортот. Бројките потсеќаат на арматурна табла на спортски автомобил Porsche. За ременот може да се избира меѓу мека телешка кожа со посебен штеп во стил на ентериерот на Porsche и меѓу класична метална изведба во стил на мотоспортот. Механизмот е сопствен производ, Kaliber Heuer 02, со резерва за 80 часови работа.

>>> Bugatti меѓу луксузните часовници: Соработка со Jacob & Co

Дарко Јаконов

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Avatar

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ако Бугарите не возат стар Jaguar, на ново им е најдобра Dacia

Bechtle Volkswagen ID 3

Компаниja во Германија има 50 електрични Volkswagen ID.3 во возниот парк