Bechtle е име што малку е познато општо во јавноста, но таа е мошне влијателна компанија во ИТ-секторот. Во возниот парк пристигнаа 50-те електрични автомобили Volkswagen ID.3. За одговорноста кон животната средина на ИТ-специјалистот да биде уште поубедлива: Електричните полначи во седиштето во германскиот Некарсулм се напојуваат од фотоволтаички панели.
Компаниите веќе подолго време се потпираат на електричните возила и на чистата енергија како уште еден начин за искажување на одговорноста кон животната средина, а со тоа и на општествената одговорност. Германската ИТ-компанија Bechtle ја прифаќа електромобилноста во секаков поглед – и со електрични возила и со чиста енергија за полнење на батеријата.
Компанијата во своите подружниците во Германија лани имаше поставено вкупни 80 електрични полначи. Следен чекор е нивниот број да се зголеми на 300, вклучувајќи ги и подружниците во Австрија и Швајцарија. Со сето тоа се создаваат услови за проширувањето на возниот парк со електрични возила да напредува со брзо темпо. Bechtle моментно има 50 електрични автомобили Volkswagen ID.3 во германската мрежа.
Фотоволтаички панели што се поставени на покривот на сопствената катна гаража во седиштето во Некарсулм, ги снабдуваат полначите со чиста енергија. Сегашната мрежа од 60 полначи во блиска иднина ќе се зголеми на 140 полначи. За таа цел ќе се поставуваат нови панели. Добивањето енергија од сонцето ќе се зголеми на вкупно 1.900 kWp моќност.
Во меѓувреме се поставуваат нови полначи во подружниците во Германија, Австрија и Швајцарија. Уште во текот на годинава, мрежата ќе надмине 300 полначи. Целта е во следните две години да бидат достапни електрични полначи во сите подружници на Bechtle.
На 50-те електрични Volkswagen ID.3 наскоро ќе им се прудружат и други возила. Компанијата располага со возен парк од 3.600 возила, од кои 15% или повеќе од 500 возила имаат електричен или приклучен хибриден погон.
Volkswagen ID.3 – Факти за електричниот автомобил
- Единаесет изведби на опременост, скроени точно за најразлични потреби
- Три големини на батерија: Pure со 45 kWh, Pro со 58 kWh и Pro S со 77 kWh)
- Три изведби на моќност: 110 kW; 107 kW; 150 kW
- Досег: За изведба ID.3 Business е до 423 km (WLTP), со батерија од 58 kWh
- Багажник 385 / 1.267 литри
https://www.instagram.com/p/CIDFGvJgguA/
>>> Volkswagen ID.4 во Германија чини 38.450 €, субвенцијата е 9.000 €
















