за

Alfa Romeo владее на сцената на олдтајмери во Јапонија

Alfa Romeo 6C 2500 Super Sport Villa d'Este 1951 Kyoto

Јапонските олдтајмери сé почесто се појавуваат на светската сцена на автомобилската класика и на престижот. Пред две години, во Кјото се одржа првиот „Конкурс на елеганција“ по пример на италијанскиот Вила дЕсте или калифорнискиот Пебл Бич.

На „Кјото 2018 Конкурс на елеганција“, којшто се одржуваше од 29-ти март до 3-ти април, пристигнаа олдајмери од три континенти. Третото издание на собирот на скапи автомобили и богати колекционери се одржа во замокот Ниџо, којшто е изграден во 17-от век и се наоѓа под заштита на Унеско.

Историските модели на Alfa Romeo доминираа на престижниот собир, за што сведочи и титулата „Најдобра на шоуто“ за Alfa 6C 2500 Super Sport Villa d’Este од 1951 година. Само 36 примероци се изработени во Carrozzeria Touring во Милано, меѓу 1949 и 1952 година.

Олдтајмерите на Alfa Romeo победија во три од вкупно 12 класи

Уште два историски модели на Alfa Romeo победија во своите класи: Alfa 6C 2500 Sport Berlinetta Touring од 1939 година, во некогашна сопственост на принцот Каетани (во класата на предвоени модели од Италија) и 1900 Super Sprint Touring од 1955 година (италијански автомобили 1952-1961).

Alfa Romeo Kyoto concours d'elegance 2018

Alfa Romeo уште од почеток го подржува настанот организиран од Хидемото Кимура и на годинешниот собир го испрати уникатниот 1900 C52 Coupé, односно Disco Volante за познавачите. Бесценетиот уникат пристигна директно од музејот на Alfa во Арезе, за во Кјото да парадира заедно со осумте модерни примероци од Disco Volante Coupe, изработени во Carrozzeria Touring.

Alfa 1900 C52 Coupé Disco Volante Kyoto

По завршувањето на манифестацијата, колоната скапоцени олдтајмери се упати кон Токио, кадешто се очекува да пристигне на 8-ми април.

Камионите се подобри олдтајмери

Олдтајмери вредни 20 милиони евра бараат нови сопственици на Техно Класика

На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста

Hispano-Suiza од 1927 прогласен за најдобро сочуван олдтајмер

Автомобили што не се забораваат: Alfa Romeo 155 Q4

60-годишнина на Alfa Romeo Giulietta

 

https://www.facebook.com/461785290685078/photos/a.462066320656975.1073741829.461785290685078/763386010525003/?type=3

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

skoda januari prodazba

Работниците во Skoda бараат двоцифрено покачување

сиднеј човек мост

Сообраќаен хаос во Сиднеј поради еден човек