Чешкиот синдикат го заострува тонот во преговорите со управата на производителот на автомобили. Последната понуда од менаџментот на Skoda е неприфатлива за синдикатот на металските работници.
Како што објавија чешките медиуми, синдикатот го откажал постоечкиот договор за дополнителна работна смена меѓу петок и сабота во матичната фабрика на Skoda во Млада Болеслав. Покрај тоа, претставниците на работничките права се закануваат и со укинување на останатите анекс договори за дополнителни работни смени
Просечната бруто плата на работниците во Skoda изнесува 1.600 евра
Синдикатот бара покачување на платата од 14 проценти во период од дванаесет месеци. Според информациите на домашните медиуми, Skoda понудила зголемување од 10 проценти и исплата на еднократен бонус во висина од 200 евра. Просечната бруто плата на работниците во Skoda изнесува околу 1.600 евра.
Skoda имаше рекордна година лани, со повеќе од 1,2 милион продадени возила. Најпродаван модел е Octavia. Освен во матичната фабрика во Млада Болеслав, Skoda произведува на уште две локации во земјата, а има погони и во Русија и Кина, од кадешто се покриваат локалните пазари.
Skoda планира да отвори уште една фабрика
Вработените во Hyundai во страв од електричните автомобили
Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI DSG 4×4 Style
Кина останува најголем пазар за Skoda
















