за

Вака изгледаа теренците на Skoda пред 70 години

skoda 1101 vo bojovy tudor

Автомобилскиот концепт без когошто не може да се замисли денешната улична слика, Skoda го владееше пред повеќе од седум децении. Неколку историски модели што им претходат на актуелните СУВ-ови на Skoda ќе се најдат пред публиката на салонот за олдтајмери Техно Класика во Есен.

На триесетттото издание на најголемиот салон на олдтајмери во светот, Техно Класика во Есен, публиката ќе може да се запознае со неколку историски модели на чешката марка, коишто им претходат на денешните СУВ-модели. Овие автомобили се релативно непознати, затоа што ретко ја имаат напуштано територијата на земјата.

Најпознатиот теренски модел од историјата на марката е Skoda Trekka. Тој е првиот автомобил што е произведен во Нов Зеланд и изведен е врз основа на Octavia Combi. Меѓу 1966 и 1972 година се изработени близу 3.000 примероци. Постоеле неколку каросериски изведби, меѓу кои пикап со ленен покрив, транспортер со различни изведби на покривот и комбе за осум патници. Големиот клиренс и кусите каросериски превиси овозможувале Trekka да совладува теренски пречки, иако имал погон само на задната оска.

Skoda Trekka, првиот автомобил што е произведен во Нов Зеланд

SKODA Trekka

Теренските возила во тоа време ги вози само војската. Skoda не добива налог за производство на 973 Babetta, затоа што Русите му даваат предност на GAZ-69

Skoda развива теренци со најмалку две погонски оски уште кон крајот на 1930-те години. Нивниот развој продолжува дури по војната. Во 1947 година се појавува воено возило со преклоплив ветробран во стилот на „вилис“, со заден погон и шасија од Skoda 1101 Tudor. Возилото ја носи ознаката 1101 P ,Bojovy’ и се користи од војската и безбедносните сили како возило за итна интервенција. Друга верзија со ознака 1101 VO се користи во воените сили на повеќе земји.

Skoda 973 Babetta

Skoda 973 Babetta

Во 1952 година се појавува моделот 973 ‘Babeta’. Со можност завклучување на предната оска, теренецот од 3,5 метри станува вистински 4х4 и вообичаено за сите возила од тој тип располага со одлична теренска проодност. Чешкиот 973 се докажува на тестот на Варшавскиот Пакт, но завршува со серија од само 30 примероци. Политиката тогаш решила да му даде предност на рускиот GAZ-69.

Првиот теренски автомобил на Škoda возеше уште пред 50 години

Уште еден нов модел од Чешка: Дали Skoda е новиот Volkswagen?

Тест: Skoda Kodiaq 2.0 TDI DSG 4×4 Style

Skoda Octavia на метан со попуст од 7.000 евра во Германија

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

еколошките автомобили британија

Брегзит ќе ѝ ги однесе еколошките автомобили на Европа

uber tempe arizona

Автономно возило на Uber усмрти пешак во Аризона