Европската асоцијација на производители на автомобили стравува дека излегувањето на Велика Британија од ЕУ ќе ги расипе плановите на Унијата за исполнување на строгите лимити за емисијата на СО2 во 2021 година. Производителите ќе мора да плаќаат скапи казни за тоа што еколошките автомобили на Британците повеќе нема да учествуваат во статистиката на ЕУ.
Излегувањето на Велика Британија од ЕУ може да им донесе дополнителни проблеми на производителите на автомобили. Проблем е тоа што во островската држава се возат многу повеќе електрични и хибридни автомобили отколку во повеќето држави во Унијата. Кога овие еколошки возила ќе отстуствуваат во статистиката, ќе се расипе и просечната вредност на емисијата на СО2 од возилата.
Европската асоцијација на производители на автомобили стравува дека нема да ги исполни строгите ограничувања за емисијата на СО2 коишто ќе важат од 2021 година. Причина за загриженост се еколошките автомобили на Британците, коишто по Брегзит во март 2019 година ќе „исчезнат“ од досегашната статистика што се водеше заеднички за 28-те земји на ЕУ.
Во Велика Британија се продаваат 16 проценти од сите електрични автомобили во ЕУ и дури 31 проценти од сите плагин-хибридни автомобили
Производителите на автомобили не смеат да надминат просечна вредност од 95 грами СО2 по километар за своите модели по 2021 година. Оние што нема да ја исполнат целта, на Комисијата на ЕУ ќе и‘ плаќаат по 95 евра од секој грам СО2 над лимитот, за секој продаден автомобил посебно.
Асоцијацијата се залага за задржување на псотоечкиот систем, односно бара податоците од британскиот пазар да бидат опфатени во заедничката статистика на ЕУ и по Брегзит. Без оваа статистичка помош, индустријата нема да ги исполни целите за ограничување на емисијата по 2021 година.
Браншата бара и взаемно признавање на хомологациите за автомобили во Велика Британија и ЕУ, за возилата да може да се продаваат од обете страни на „каналот“ и по излегувањето на земјата од Унијата. За производителите ќе биде проблем и прекинувањето на синџирот меѓу добавувачите и фабриките на автомобилските марки, по повторното воведување на граничните и царинските контроли. Денешните автомобили се составени од преку 5.000 компоненти. Најголемиот дел од нив пристигаат од земјите во ЕУ.
Фирми во Британија ги заменуваат дизелите во возните паркови
Топ 10 Најголеми легенди во британската туристичка класа
Вака изгледа новото полагање „градска“ за Британците
















