за

Фирми во Британија ги заменуваат дизелите во возните паркови

Големите компании се префрлуваат на хибриден и електричен погон многу порано отколку што предвидуваа аналитичарите. Во јануарската продажба во Велика Британија, автомобилите со дизел мотор имаат пад од преку 25 проценти.

Британскиот пазар е уште еден доказ дека возачите и компаниите во Европа го губат интересот за автомобили со дизел мотор. Продажбата на овие автомобили во првиот месец од годинава забележала пад од 25,6% и се предвидува дека трендот ќе продолжи со уште пожестока динамика во следниот период.

Последното истражување покажало дека 71% од компаниите моментно користат автомобили со дизел мотор во своите возни паркови, но само 59% од нив планираат да го обноват возниот парк со автомобили што користат дизел гориво. За замената со нови возила најмногу се земаат предвид автомобили со бензински мотор, но има и големо зголемување во бројот на компании што ќе ги префрлат возните паркови на автомобили со хибриден или електричен погон.

Моментно само 12% од компаниите во Британија имаат најмалку по еден хибриден автомобил во возниот парк

Во една третина од возните паркови ќе пристигнат хибридни автомобили во следните 12 месеци. Седум проценти од компаниите очекуваат во истиот период да им пристигнат нарачаните возила со електричен погон. Моментно само 12% од компаниите имаат барем по еден хибриден автомобил во возниот парк, додека 3% располагаат со најмалку еден електричен автомобил.

Големите фирми (со повеќе од 250 вработени) го предводат преоѓањето на возила со ниска емисија: 47% од овие фирми ќе заменат дел од својот возен парк со хибридни автомобили во текот на годинава, додека 16% од фирмите ќе ги добијат своите нови електрични автомобили.

Најголемиот дел од компаниите што преоѓаат на чист погон се од секторите на услужните дејности, транспортот и градежништвото.

Фабрика на Bosch во криза поради слабата продажба на дизелот

Дизелот сé помалку интересен за возачите во Европа

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

тридимензионален пешачки премин

Лебдечка зебра ги штити пешаците од залетани возачи

fiat chrysler duh

Fiat Chrysler е следниот во дизел-скандалот во САД