за

Toyota лани продала над 1,5 милион хибридни автомобили

toyota prius prius phev mirai

На светскиот пазар лани се продадени над 1,52 милион автомобили од корпорацијата Toyota со електрифицирана погонска спрега. Тоа е за 8% над досегашниот рекорд во 2016 година. Јапонскиот производител ја достигна целта поставена во „Toyota Environmental Challenge 2050“ три години порано од планираното. Целта беше да се надмине годишна продукција од 1,5 милиони автомобили со електрифицирана погонска спрега.

Од почетокот на продажбата на првиот Prius во 1997 година, вкупниот број на хибридни автомобили на Toyota порасна на 11,47 милиони примероци. Животната средина е поштедена од преку 85 милиони тони СО2. За само 20 години, продажбата на хибридни автомобили пораснала од 500 примероци на јапонскиот пазар, на преку 1,5 милион возила во над 90 држави.

Во 2020 година пристигаат електрични автомобили од Toyota

Модели што се технолошки предводници во актуелната понуда на Toyota се верзијата на Prius со плагин хибриден погон и лимузината Mirai, којашто користи горивни ќелии, односно водород како погонско гориво. Од 2020 година, Toyota започнува со продажба на електрични возила прво во Кина и Индија, а потоа и во Јапонија, САД и Европа. Во регионите во развој ќе се зголемува продажбата на хибридни возила, со цел да се намали емисијата на стакленичките гасови.

Lexus NX 300h F Sport: Луксуз со двотарифно броило

Toyota подготвува десет електрични автомобили за 2020

Дебатата за иднината на автомобилизмот започнува од МАНУ

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

студија за секторот транспорт

Дебатата за иднината на автомобилизмот започнува од МАНУ

протести еко-активисти, загадувањето од возилата

Германски еко-активисти: „Запрете ги експериментите на автоиндустријата врз луѓето“