Германија има субвенции за уште 300.000 електрични автомобили

електрични автомобили германија субвенции

До 31-ви март, Германците потрошиле само 17,2 проценти од буџетот за субвенционирање на автомобили со електричен погон. Ценовното олеснување го искористиле 57.549 возачи. Од касата со вкупно 1,2 милијарда евра треба да се субвенционира продажбата на 300.000 до 400.000 електрични автомобили.

Купувачите на автомобил со погон на батерии или со погон на водород добиваат 4.000 евра, додека купувачите на возила со плагин-хибриден погон добиваат премија од 3.000 евра. Возилата со класичен хибриден погон не спаѓаат во категоријата електрични возила, па затоа ниту Германија не ги вклучува во субвенциите. Половина од оваа сума пристига од државата, додека втората половина ја покриваат производителите на автомобили.

Од возилата што се субвенционирани досега, 33.318 се „батериски“ електрични автомобили, 24.214 се плагин-хибриди, а има и 17 возила со водороден погон. Од вкупно 1,2 милијарда евра, потрошени се само 206 милиони евра.

BMW е фактичкиот лидер во продажбата на електрични автомобили во Германија

Субвенциите најмногу ги привлекуваат возачите на BMW. Минхенскиот производител покрива околу 20 проценти од вкупната продажба, со 11.392 возила. Втор е Volkswagen со 12 проценти, следат Smart (12%), Renault (12%) и Audi (со 9 проценти). Меѓу моделите, најмногу барања за државата и производителите да учествуваат во продажната цена пристигнале за Renault Zoe. Од електричниот автомобил, кој е шампион и на европски ниво, продадени се 6.513 возила со ценовно олеснување.

На списокот на возила за коишто се одобрува субвенција се наоѓаат и некои егзотични модели, како Piaggio Porter Elektro (со 3 продажби) или кинескиот транспортер Maxus EV80 (со 208 продажби), кој се нуди како возило за изнајмување. Втор „најсубвенциониран“ модел е BMW i3, со минимален заостаток следи Audi A3 e-tron со 5.216 возила. Модели поскапи од 60.000 евра не се субвенционираат.

Електричното комбе MAN eTGE стартува во јули

Електрични автобуси на релација од Париз до Амиен

Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

Audi подготвува спортска лимузина со електричен погон

Производителите вложиле пет милијарди евра во електрични автомобили

Претходна објаваMorgan Aero GT во ексклузивна серија од осум примероци
Следна објаваРаботниците во Skoda бараат двоцифрено покачување

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Please enter your comment!
Please enter your name here