за

Електричното комбе MAN eTGE стартува во јули

man etge najava електрични доставни возила

Во јули стартува сериското производство на MAN eTGE, првото електрично возило на германскиот производител. Комбето со носивост до 1,7 тон е идентично со Volkswagen e-Crafter, но разликата не е само во знакот, туку во услугите што ги нуди марката позната по тешките камиони.

Верзијата со електричен погон од MAN TGE налето ќе стартува со своите работни обврски во разнесувањето и испораката на стока низ европските градови. MAN eTGE поседува досег до 160 километри, носивоста се движи меѓу 950 и 1.700 килограми.

Статистиката покажува дека повеќе од две третини од доставните возила што се користат во град не минуваат ниту 100 километри дневно. Според тоа, 160-те километри се сосем доволни за вообичаената дневна рута. При приклучување на полнач од 40 киловати, полнењето на батеријата до 80% трае 45 минути. На ѕидна приклучна кутија, за целосно полнење на батериите се потребни 5,5 часови, додека при користење на сопствениот полнач во возилот, односно при приклучување на обичен приклучок на 220 волти, продецурата трае околу 9 часови.

Според производителот, батеријата на MAN eTGE ќе изгуби само 15% од капацитетот по 10 години или 2.000 циклуси на полнење

При правилно ракување, батеријата со капацитет од 36 киловатчасови губи само 15 проценти од капацитетот по 10 години и 2.000 циклуси на полнење. Во случај на дефект, може да се заменат модулите кои се состојат од шест или дванаесет ќелии. Батеријата е вградена под незначително повишениот под во товарниот простор, што е случај и кај каросериските верзии со заден погон и дизел мотор.

volkswagen e-crafter start
Близнакот Volkswagen e-Crafter стартуваше лани во декември

Електромоторот ги движи предните тркала на eTGE и поседува моќност од 136 КС. Вртежниот момент изнесува 290 њутнметри, крајната брзина е ограничена на 90 km/h. Според нормите, потрошувачката на енергија изнесува околу 20 kWh на сто километри. Во стандардната опрема на MAN eTGE спаѓаат систем за навигација, загреван ветробран и напредни безбедносни системи, како самостојно запирање при опасност од судир.

Производството стартува со верзијата со стандарно меѓуоскино растојание и висок покрив. MAN цели на компании со големи возни паркови, коишто бараат сервисен концепт скроен точно според нивните потреби. Веќе има и први нарачки за електричното комбе со цена од 69.500 евра. Во почетокот eTGE ќе се испорачува само на најголемите европски пазари, односно во Германија, Австрија, Белгија, Франција, Норвешка и Холандија.

Тешкаш во лимитирана серија: MAN TGX „Lion Pro“

MAN тестира камионски плотун по германскиот аутобан

Топ 10 Најбрзи патнички комбиња: Темпо 200 и спринт за девет секунди

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Saab 99 turbo

Добрите марки не исчезнуваат: Култот на Saab посилен од кога било

Porsche Mission E Cross Turismo

Секое четврто Porsche во 2025 ќе биде на струја или хибрид