за

Електричниот BMW i4 незначително поскап од обичните модели

bmw i vision dynamics, bmw i4

BMW i3 се продава одлично и носи екстра бодови во имиџот на производителот. Но, неговото производство е прескапо. Тоа ќе се смени кај новиот електричен модел BMW i4, кој пристига во 2020 година. Најголема корист повторно ќе имаат купувачите.

Кој уште нема чуено за BMW i3? Првиот електричен автомобил на Баварците е во водечката тројка на европскиот пазар, покрај Renault Zoe и Nissan Leaf, со околу 15.000 продадени примероци лани. Моделот постигна многу во промоцијата на чистиот погон и му донесе екстра бодови во имиџот на производителот. Но, неговото производство во моментов е прескапо, BMW i3 практично стартуваше како проект, испробување на пазарот.

bmw i3 стоилјади примероци,

Моделот има сопствена производствена лента во фабриката во Лајпциг и се произведува посебно од останатите модели. Најголемиот дел од каросеријата се состои од карбон. Од 2009 година, Баварците имаат вложено повеќе од три милијарди евра во проектот. Само производствениот погон во Лајпцих чини 400 милиони евра.

BMW i4 ќе се произведува на иста лента со серијата 3

Идните модели од подмарката BMW i повеќе нема да ја уживаат оваа ексклузивност. Производителот ги стекна потребните искуства со „тројката“ и ќе ги примени истите кај следниот модел што ќе се придружи во семејството електрични автомобили. Место од егзотични и скапи материјали, каросеријата на BMW i4 ќе биде изработена од класична челична ламарина. Производството на новиот модел исто така нема да се одвива на сопствена лента, туку ќе биде интегрирано со останатите модели, односно со лимузинската и комби изведбата од серијата 3.

Планирано е производството на моделот да стартува во 2020 година во фабриката во Минхен. Продукцијата ќе може да се приспособува според актуелната побарувачка, вклучувајќи и евентуално дуплирање. Интегрирањето на идниот BMW i4 во производствениот процес ќе донесе во исто време поголема профитабилност за производителот и продажна цена што ќе биде поблиска до класичните модели на BMW.

BMW напредува, но Mercedes напредува повеќе

Електрични BMW i3 за баварската влада

Електрични камиони носат делови до фабриките на BMW

Електричниот i3 не му носи доволно заработка на BMW

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

tesla губи 9000 долари во минута

Финансиските директори си заминуваат од Tesla

toyota vodoroden viluskar

Водородни вилушкари во фабриките на Toyota