за

Електрични BMW i3 за баварската влада

bmw i3 bavarska administracija

Владините службеници во германската покраина Баварија добија 32 примероци од електричниот BMW i3. Освен во возниот парк на владините институции, електричните автомобили ќе се користат и во агенциите за автопатишта и градежништво. Низ целата земја врват околу 1.100 примероци од електричниот BMW i3 во државна служба.

Тешките црни лимузини не се симбол за владеењето во германската покраина Баварија. Министерот за внатрешни работи Јоахим Херман синоќа ги презеде 32-та примерока од електричниот BMW i3. Возилата ќе се користат во повеќе државни институции, како дел од „Електромобилност во офанзива кон иднината“.

Електричен погон, футуристички изглед, каросерија од карбон

Електричниот погон не е единственото што BMW i3 го двои од класичната автомобилска понуда. Изгледот е футуристички, каросеријата е изработена од карбон, преку мрежата може да се пристапи до бројни онлајн-услуги. Електромоторот е со моќност од 170 КС, а декларираната потрошувачка на енергија изнесува 13,1 kWh на сто километри.

Испорачаните возила се во „посилната“ варијанта на компактниот електромобил, со батерии од 94 Ah. Според нормите, i3 може да мине до 300 километри со едно полнење. Во реални услови, со вклучена климатизација или греење, досегот би изнесувал околу 200 километри.

Продажбата на електричниот BMW i3 речиси удвоена во првото полугодие

Продажбата на моделите на BMW со плагин-хибриден или чисто електричен погон на германскиот пазар е зголемена за дури 175 проценти во првите шест месеци. Едно од пет новорегистрирани возила со алтернативен погон во земјата го носат знакот на баварската марка.

Најбаран е BMW i3, кој од стартот во есента 2013 се има продадено во преку 10.000 примероци во Германија. Околу 1.100 примероци се во служба на државната администрација.

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Porsche Cayenne dizel

Новиот Porsche Cayenne без дизел мотори?

Nissan Leaf aerodinamika

Новиот Nissan Leaf со врвна аеродинамика до поголем досег