за

Smart Fortwo не е Tesla, но е единствен кабриолет на струја

Smart Fortwo Cabrio Electric Drive

Електричната изведба на Smart Fortwo Cabrio стартува со продажба во јули. Моментно не постои друг автомобил што ја нуди комбинацијата од електричен погон и возење под отворено небо.

Smart Fortwo Cabrio од следниот месец ќе биде достапен на европскиот пазар и во верзијата со погон на струја. Цената на отворената верзија на Smart Electric Drive на германскиот пазар изнесува 25.000 евра. По заминувањето на легендарниот Tesla Roadster, малечкиот двосед е единствениот кабриолет со нулта емисија на штетни гасови.

Smart Fortwo Cabrio на батерии вози до 155 километри со едно полнење

Погонот на струја е идентичен со купе-изведбата. Електромотор со моќност од 81 КС и вртежен момент од 160 њутнметри ја движи задната оска. Спринтот до сто трае околу 11,8 секунди, крајната брзина е ограничена на 130 километри на час.

smart fortwo cabrio electric drive 2146

Пристојни се и вредностите за досегот. Smart Fortwo Cabrio Electric Drive располага со литиум-јонски батерии со капацитет од 17,6 киловатчасови. Тоа според производителот е доволно за 155 километри со едно полнење. При користење на обичен приклучок за струја во домот, батериите се полнат до 80% за околу шест часови.

Со брз полнач, чекањето додека се обнови енергијата трае помалку од 45 минути

По цена од околу 800 евра, Smart од следната пролет ќе и испорачува брз полнач од 22 киловати, со когошто полнењето до 80% се скусува на помалку од 45 минути. На располагање стои и апликација, со којашто може да се извлече максимумот од батериите. Преку оваа апликација, сопственикот може да ја вклучи климатизацијата во кабината, додека возилото се полни. Истата овозможува на мобилен телефон, таблет или ПЦ да се добијат најразновидни податоци од возењето. Покрај тоа, радарскиот темпомат работи во комбинација со системот за повраток на енергијата при сопирање. Тоа може да го продолжи досегот за неколку километри.

https://www.facebook.com/smart/videos/10154902878732979/

Smart веќе четврта генерација вози со погон на струја. Уште во 2007 година, во Лондон беа пуштени неколку возила за тестирање на електричниот погон. „Паметната“ марка е воедно и единствена што сите свои (два) модели ги нуди во електрична верзија. Brabus верзијата исто така не недостига.

smart fortwo cabrio electric drive 3146

smart fortwo cabrio electric drive 1146

smart fortwo cabrio electric drive 5146

smart fortwo cabrio electric drive 6146

smart fortwo cabrio electric drive 7146

smart fortwo cabrio electric drive 8146

smart fortwo cabrio electric drive 9146

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Polestar elektricni modeli

Polestar развива спортски модели со електричен погон за Volvo

добавувачите за опел инсигниа

Кои се добавувачите на компоненти за: Opel Insignia