за

Audi подготвува спортска лимузина со електричен погон

audi e-tron gt

Audi веќе го има закажано стартот на теренецот со електричен погон е-tron за годинава, а веќе има најава и за следниот модел на струја. Спортската купе-лимузина Audi e-tron GT пристига во 2020 година. Има и други интересни најави.

На денешниот настан во Инголштат зборуваат топ-шефовите на Audi. Во матичното седиште на премиум марката се одржува годишната конференција за печат. Automedia прва ги пренесува главните точки во излагањето на шефот на марката.

Руперт Штадлер, претседател на управниот одбор на Audi AG

1) Трансформација

Во следната декада ќе станеме поагилно претпријатие, многу побогато со нови компетенции и партнерства. Сакаме и ќе ја преземеме водечката улога во масивната трансформација во нашата бранша.“

2) Електромобилност

Брзо претставување на модели едно по друго, 20 модели со електрифицирана погонска спрега во сите сегменти. Во нашата погонска стратегија спаѓа и првата мала серија со горивна ќелија, со чијашто продажба ќе стартуваме во 2020 година. Водородот е совршениот енергетски носител за електромобилноста во иднината.“

3) Audi e-tron

Нашиот прв сериски модел со погон на струја е првиот Audi со функции што може да се избираат флексибилно. Тоа значи дека сопственикот ќе може во секое време да го приспособува својот автомобил и по неговата испорака. Голем број клиенти веќе го резервираа СУВ-моделот. Само во Норвешка има околу 3.700 резервации. Од денес е позната и цената на e-tron: Во Германија, цените ќе стартуваат од 80.000 евра.“

4) Третиот електричен автомобил на Audi ќе биде спортски автомобил

Електричен гран-туризмо, којшто воведува нов вид на спортско возење е Audi e-tron GT. Овој високоемотивен знаменосец на Audi Sport ќе стартува со производство во Некарсулм по 2020 година. Тој е доказ дека високите перформанси се остварливи и со струја.“

5) Перспектива за производство на автономно меѓуградско шатл-возило

Audi Aicon. Електричен, автономен и целосно вмрежен. Луксузен клупски салонза долги патувања е дел од нашата долгорочна стратегија за нови производи.“

6) Партнерство за автономни системи до 2021 година со Münchner Autonomous Intelligent Driving GmbH

Овој модул ќе најде примена во таканаречените робо-таксија, исто како и во приватните автомобили со автономна функција, без волан и педали. На овој проект работат врвни експерти од 15 нации.“

7) ‘Audi on demand’ место ‘Car-Sharing’

Сите нудат Car-Sharing. Како претпријатие што нуди премиум-мобилност, сметаме дека наша задача е да внесеме премиум-доживувања во оваа култура на споделување. За сите, вклучувајќи ги и лицата што не сакаат или не можат да купат премиум-автомобил. Чувство на луксуз, па дури и само на 15 минути. Веднаш да се почувствувате како дома и да пристигнете релансирани.“

8) Моделска офанзива

Во 2018 продолжуваме со најголемата моделска офанзива во историјата на нашето претпријатие. Со повеќе од 20 пазарни премиери годинава ќе претставиме нови производи во шест главни моделски серии и ќе преработиме уште две главни моделски серии.“

Audi 100 почна да вози пред половина век

Колку „Prologue“ се крие во новиот Audi A8

Овој Jaguar навистина вози на струја

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

kahn design 6x6 civillian carrier

По урбани теренци и суперспортски теренци доаѓа градски тенк

олдтајмери вредност

На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста