за

По урбани теренци и суперспортски теренци доаѓа градски тенк

kahn design 6x6 civillian carrier

Британската каросериска работилница Kahn Design изработи џиновски теренец што соодветно се нарекува Flying Huntsman 6×6 Civillian Carrier. Според производителот, овој цивилен транспортер е совршеното семејно возило.

Светот вози теренци како никогаш досега, и ги вози сé поголеми и сé порадикални. „Обичните“ теренци од типот на Range Rover или G-Class никој не ги забележува. Во британската каросериска работилница го осознаа проблемот и врз база на Defender изработија возачки монструм со погон „шест на шест“ и надворешна појава што одговара со погонот.

CTC 6x6 civillian carrier 5

Класичниот модел на Land Rover со продолжената каросерија само привидно изгледа како воен транспортер. Kahn Design го води автомобилот како Flying Huntsman 6×6 Civillian Carrier. И марката не е Land Rover туку е Chelsea Truck Company. Возачот може да покани до осум лица во цивилниот транспортер, а би било добро да размислува и околу можноста за наплата за превозот. Цената на овој тенк од градските улици изнесува четвртина милион евра. Најмалку толку, затоа што Kahn Design се занимава со исполнување на посебните желби на клиентите, а секоја желба плус се наплаќа.

Urus или Bentayga се градски автомобилчиња во споредба со 6×6 Civillian Carrier

Покрај тоа што одговара за „безбеден“ превоз низ град, петметарскиот Civillian Carrier е одличен и за лордовите коишто одат на лов во сопствениот двор. Можностите за користење се неограничени, вклучувајќи излет на врв на планина или закотвување во вода длабока малку под еден метар.

CTC 6x6 civillian carrier 4

Дизелот со 170 КС би бил апсолутно несоодветен избор во ова возило, па затоа се вградува и V8 со 430 КС. Со погон на шест тркала, „тјунираниот“ Defender гази сигурно по секаква подлога. Само вистински тенк со гасеници може да понуди подобра тракција.

CTC 6x6 civillian carrier 3

Kahn Design, односно Chelsea Truck Company ја изведува внатрешноста по принцип на архитектурно уредување на дом. Тоа значи дека меѓу „четирите ѕидови“ може сé да се изведе.

CTC 6x6 civillian carrier 2

Урбаниот тенк доживеа премиера на актуелниот салон во Женева. Според сопственикот на Kahn Design, Land Rover Defender е едно од неговите пет најомилени возила. Тоа се забележува.

Range Rover Evoque најпопуларен автомобил во премиер лигата

Теренците поспортски од спортските автомобили во Женева

Големите теренци се продаваат повеќе од лимузините

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Fiat Panda Raid 2018

Малечкиот Fiat што го вози големото рели

audi e-tron gt

Audi подготвува спортска лимузина со електричен погон