Преку 100 олдтајмери од сите временски периоди ќе се појават на наддавањето во рамките на Техно Класика Есен во претстојниот викенд. Нивната вкупна вредност е проценета на повеќе од 20 милиони евра. Меѓу овие историски автомобили не недостигаат и филмски ѕвезди.
На најважниот и најголем салон на олдтајмери во светот не може да се очекува друго освен спектакуларно наддавање, на коешто колекционери, богаташи и ентузијасти ќе се натпреваруваат за сопствеништво над 115 олдтајмери, во вкупна вредност проценета на повеќе од 20 милиони евра. Наддавањето ќе се одржи во сабота, на 24-ти март, во рамките на Техно Класика во германскиот град Есен.
Неколку олдтајмери потекнуваат од колекција во којашто се вклучени единствено модели од прочуени филмови и имаат само еден претходен сопственик. Таков е случајот и со Lamborghini Miura SV, којашто се има појавено во култниот филм „Италијанска работа“.
Кореспонденцијата и фактурите им се важни на колекционерите на олдтајмери
Miura SV му е испорачана на сопственикот во Португалија во 1967 година, за седум години подоцна возилото да биде преработено во комплетна фабричка SV-спецификација. Сето тоа е уредно документирано, со писма и сметки, што на пасионираните колекционерите им значи многу. Портокаловото Lamborghini било комплетно реставирано во 2008 година и неговата актуелна вредност се проценува меѓу 1,1 и 1,5 милион евра.

Нов сопственик се бара и за Bugatti T 44 Fiacre By Gangloff од 1928 година. Станува збор за исклучително редок автомобил, во некогашна сопственост на прочуениот колекционер и автор на многу книги за Bugatti, Уве Хуке. Тој го поседува возилото со бропј на шасија 441141 во средината на 1960-те години, за во 1977 година да го продаде на Хелмут Шеленберг, легендарен тркач на Bugatti од 1930-те години. Вредноста на овој олдтајмер е меѓу половина и 550.000 евра.
Јангтајмери и „потенцијални“ олдтајмери од германски марки доминираат во каталогот
- Mercedes-Benz 300SL ‘Gullwing’ Evocation (1988) од Антон „Тони“ Остермајер: Вредност проценета меѓу €260,000 и €320,000
- Porsche 997 GT3 4.0 (2011): Вредност проценета меѓу €370,000 и €430,000
- Mercedes Benz SLS Roadster AMG (2013): Вредност проценета меѓу €180,000 и €200,000
- 1989 Porsche 911 Speedster: Вредност проценета меѓу €150,000 и €200,000
- 1955 Porsche 356 Pre A Speedster 1600 Super: Вредност проценета меѓу €290,000 и €340,000
На списокот олдтајмери што одат под чекан се наоѓаат и
- Lamborghini Espada Series III (1978) : Вредност проценета меѓу €110,000 и €150,000
- Cord 812 Supercharged Cabriolet (1937) : Вредност проценета меѓу €150,000 и €200,000
- Ferrari 330 GT 2+2 Series II, во ретка росо-кордоба боја (1967) : Вредност проценета меѓу €250,000 и €350,000
- Aston Martin DB2/4 (1957) : Вредност проценета меѓу €250,000 и €300,000
- Ferrari Dino 246 GT (1972) : Вредност проценета меѓу €250,000 и €300,000
На овие олдтајмери најмногу им пораснала вредноста
Салонот во Бремен ја отвори сезоната на олдтајмери
Dunlop произведува нови пневматици за спортските олдтајмери
Hispano-Suiza од 1927 прогласен за најдобро сочуван олдтајмер
















