за

Hyundai повторно во проблеми со воздушните перници

hyundai vozdusni pernici

Американскиот институт за безбедност во сообраќајот ги истражува случаите во коишто четири лица загинале во возило на Hyundai поради неотворање на воздушните перници. Можно е повеќе од 400.000 возила да бидат повикани во сервис заради отстанување на дефектот што ги доведува патниците во опасност.

Американскиот институт за безбедност во сообраќајот ги истражува незгодите со возилата на Hyundai, во коишто воздушните перници не се вклучиле, иако техниката морало да реагира во одредените услови. Според досегашните сознанија, четири лица загинале во возилата на корејскиот производител поради сериозниот дефект со воздушните перници, додека шест лица биле повредени.

Можно е 425.000 возила да бидат повикани во сервис заради отстранување на дефектот во воздушните перници. Конкретно станува збор за примероци од моделот Hyundai Sonata коишто се произведени во 2011 година, како и за примероци од моделот Forte од посестринската марка Kia, произведени во 2012 и 2013 година.

Сервисниот повик може да стане уште помасовен, доколку инспекторите на институтот утврдат дека и во други модели од корејскиот производител се користеле истите контролни единици за воздушните перници.

Hyundai лани мораше да повика во сервис преку 150.000 примероци од моделот Sonata во САД, поради истиот проблем со неотворање на воздушните перници

Уште се работи на изнаоѓање на решение за проблемот со воздушните перници во возилата на Hyundai. Според досегашната истрага, дефектните контролни модули потекнуваат од добавувачот ZF TRW. Познатиот германски специјалист ZF во 2015 година го презеде американскиот конкурент TRW. Примероците од Kia Forte може да бидат вклучени во сервисниот повик само поради тоа што користат слични контролни модули со Sonata. Кобните незгоди се случиле само во возилата на Hyundai.

Јужна Кореја е светски шампион во субвенционирање на електричните автомобили

Hyundai заминува, нов партнер на УЕФА е Volkswagen

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

олдтајмери техно класика есен

Олдтајмери вредни 20 милиони евра бараат нови сопственици на Техно Класика

дизелот штетни материи

Заминувањето на дизелот не ги зголемува емисиите на СО2