за ,

Салонот во Бремен ја отвори сезоната на олдтајмери

олдтајмери, бремен, bentley r-type continental

Под мотото „Гран Туризмо 2+2: Џетсет за улиците“, во германскиот град Бремен започна првиот салон за олдтајмери во годинашниот календар. Совршено сочувани историски автомобили се вообичаени за овој настан што колекционерите и љубителите на олдтајмерите не го пропуштаат. Меѓу легендите годинава се Bentley R-Type Continental, Lamborghini 350 GT, Morgan Plus 8.

Бремен Класик Моторшоу по традиција ја отвора новата сезона на олдтајмери, како прв настан во календарот. Под мотото „Гран Туризмо 2+2: Џетсет за улиците“, салонот годинава им е посветен на гран-туризмо моделите кои ги одбележаа 1960-те и 1970-те години. Купеата со моќни мотори и задна клупа што повеќе служеше за украс отколку за сместување патници, претставуваа симбол на слободата на патувањето и запознавањето нови предели. Но, само малкумина можеа да си ги дозволат овие автомобили. Постоеја и неколку исклучоци, како Karmann-Ghia од Volkswagen.

lamboirghini 350 gt

Главното место на салонот им припаѓа на Bentley R-Type Continental, Lamborghini 350 GT, Volkswagen Porsche Beutler 696 Spezial и Volkswagen Typ 14 Karmann-Ghia Coupé, кои пристигаат директно од музејската збирка на „Аутоштат“, автомобилскиот град на VW.

Покрај класичните гран-туризмо модели од пред половина век се наоѓаат и неколку автомобили што се речиси задолжителни за секоја манифестација од ваков вид: Morgan Plus 8 од 1972 година, Mercedes 300 SL и Land Rover од првата серија. Во центарот на халата 6 се сместени американски крстосувачи со гигантски мотори V8.

Повеќе од 45.000 љубители на олдтајмери се очекуваат на годинешниот Бремен Класик

Тоа што му дава посебен печат на Бремен Класик е присуството на олдтајмери во приватна сопственост, чиишто сопственици се надеваат дека добро ќе ги продадат своите историски автомобили.

ferrari 365 gt 2+2 bremen classic

Разновидноста е главниот печат на овој собир, на когошто годинава се пристигнати повеќе од 660 изложувачи од десетина држави. На изложбена површина од 47.000 метри квадратни може да се најде сé што може да посака срцето на секој љубител на јангтајмери и олдтајмери. Пример за тоа е посебниот штанд со стотици авторадија од сите можни годишта. Годинава се очекува повеќе од 45.000 колекционери и фанови да го посетат салонот.

Фановите на релито ги израдува присуството на легендарниот возач Валтер Рерл, кој во 1980-те години се бореше зад воланот на прочуените монструми од класата Б, како Lancia 037 и Audi Quattro.

[FAG id=30633]

Dunlop произведува нови пневматици за спортските олдтајмери

Олдтајмери во коишто најмногу вреди да се инвестира

Концептен автомобил за 40.000 евра, тркачки Citroen за 20.000 евра

Напишано од Дарко Јаконов

Објавува текстови за автомобилизам од 1994 година, дел од оригиналната постава на магазинот Ауто Плус на Томислав Биљарац, главен уредник на првото лиценцирано издание на Ауто Билд Македонија, член на жирито за избор на европски автомобил на годината Ауто 1 на групацијата магазини Ауто Билд, во 2013 година ја основа Аутомедиа.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

porsche mission e

Porsche вложува шест милијарди евра во електрични автомобили

mercedes a-class w177

Компакт класата отсега ќе се нарекува A-Class